Close Menu
Press24
    Најново

    Младината на СДСМ реагира: Стив Наумов не издржа ниту еден месец – влага насекаде и вода протекува од сите страни

    23.10.2026 во 11:43

    Николоски: Вредните работници од МЖ Транспорт успешно сервисираа патнички вагон

    22.10.2026 во 20:57

    Зајкова: Границите ни се швајцарско сирење, а законите полни со дупки

    23.10.2026 во 13:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Тежок судир на магистралата Градско – Прилеп: Возач на „голф“ тешко повреден по несреќа со товарно возило
    • Гостиварец со кривична пријава: Физички ја нападнал ќерката во семејната куќа, па ја загрозил сигурноста и на мајка си
    • Крвав напад во Јордан: Вооружени напаѓачи отворија оган за време на погреб во црква – најмалку седум жртви
    • Заплена во КПУ Затвор Штип: Обезбедена бела прашкаста материја, следат соодветни поднесоци
    • Пијан возач со 1,82 промили алкохол избега по несреќа во Виница: Четири лица повредени, еден сопатник со тешки повреди
    • Јотова најави барање за оставка од шефот на Националната служба за обезбедување по инцидентот со новинарката
    • Вознемирувачко видео: Бодигард брутално ја собори на земја новинарката Соња Колтуклиева во Софија
    • Претседателски избори во Бугарија: Во недела се гласа меѓу 27 кандидатски двојки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Детали за смртта на двегодишното дете

    Детали за смртта на двегодишното дете

    02.01.2026 во 13:062 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Утрово во 01:58 часот, на Клиниката за неврохирургија во Скопје, згасна животот на двегодишното дете кое беше тешко повредено за време на новогодишната ноќ во скопската населба Гази Баба. И покрај натчовечките напори на лекарите кои се бореа за неговиот живот повеќе од 24 часа, повредите на мозокот се покажаа како фатални.

    Од Клиниката за МИА потврдија дека смртта настапила како резултат на „многу тешки повреди на мозокот предизвикани од метално страно тело“. Лекарите се воздржани од прецизирање за каков точно предмет станува збор, оставајќи ги деталите за судско-медицинските вештачења.

    Кобниот момент: Излегле да гледаат огномет Според полицискиот билтен, трагедијата се случила непосредно пред полноќ на 31 декември 2025 година. Мајката на детето, 21-годишната Г.Д., во својот исказ пред полицијата објаснила дека излегла во дворот од куќата во Гази Баба заедно со детето за да го гледаат новогодишниот огномет. Во еден момент, таа слушнала чуден звук, по што веднаш забележала крв на главата на своето дете. Детето итно било пренесено во Клиничкиот центар во животозагрозувачка состојба.

    Истрагата е во тек: Се проверуваат повеќе теории Министерството за внатрешни работи (МВР) изврши службен разговор со двајцата родители, мајката Г.Д. (21) и таткото М.А. (26). По наредба на јавен обвинител, телото на детето е предадено на обдукција, која треба да даде прецизен одговор што точно го погодило детето – дали се работи за залутано зрно од огнено оружје, шрапнел од пиротехничко средство или друг метален предмет.

    Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, кој уште вчера го окарактеризира случајот како еден од двата сериозни инциденти за Нова година, изјави дека станува збор за „метален фрагмент кој во првиот момент не можел детално да се специфицира“. „Има повеќе теории на случај за тоа како е повредено детето. Штом точно ги утврдиме причините, ќе ја информираме јавноста“, рече Тошковски.

    Прочитај повеќе

    Тежок судир на магистралата Градско – Прилеп: Возач на „голф“ тешко повреден по несреќа со товарно возило

    23.10.2026 во 15:37

    Гостиварец со кривична пријава: Физички ја нападнал ќерката во семејната куќа, па ја загрозил сигурноста и на мајка си

    23.10.2026 во 15:29
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.