Close Menu
Press24
    Најново

    Нови апсења во случајот „Државна лотарија“ – падна финансиска директорка

    05.10.2026 во 13:31

    РКЕ одлучи: Од полноќ поевтинуваат и бензинот и дизелот

    05.10.2026 во 12:35

    Нема потреба од 5 верски празници – газдите бараат да се скратат 3 неработни денови

    05.10.2026 во 13:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Пронајдени клуч од мотор поврзан со убиство, бомба и пиштоли – отворена истрага за млад скопјанец
    • Завршни зборови за обвинетиот сериски убиец од Старо Нагоричане: Обвинителството бара доживотен затвор
    • Уапсен арачиновец кој го блокираше патот за да избега од полицијата
    • Пијани, бесни и без возачка: Во една ноќ полицијата приведе осум возачи
    • Поднесени две кривични пријави за Лотарија: Финансиска полиција објави детали за акцијата
    • Едната ја тепала, другата ја снимала со мобилен: Малолетничка нападната во Аеродром
    • ФЗО го скрати боледувањето од матичен лекар на пет дена
    • МПЦ против кратење на празниците – празникот не е само слободен ден
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Денеска е Отсекување на главата на Св. Јован Крстител – Ден на строг пост

    Денеска е Отсекување на главата на Св. Јован Крстител – Ден на строг пост

    11.09.2026 во 09:082 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Православните верници денеска го одбележуваат празникот Отсекување на главата на Свети Јован Крстител, посветен на маченичкото погубување на последниот старозаветен пророк. Овој празник во народниот говор е познат и како Свети Јован Сечиглав или Свети Јован Отсечен, а Црквата за овој ден пропишува строг пост.

    Свети Јован е наречен Крстител затоа што го крстил Исус Христос во реката Јордан, но и Претеча бидејќи со своето учење го најавувал доаѓањето на Спасителот. За време на своите проповеди, тој им порачувал на верниците: „Јас ве крштевам со вода, а тој што ќе дојде по мене ќе ве крсти со Дух Свети“. Неговото сведоштво за Христа е забележано и во Евангелието: „Он треба да расте, а јас да се смалувам! Кој доаѓа одозгора, тој е над сите, а кој доаѓа од земјата, земен е и како земен зборува. Кој доаѓа од небото над сите е“.

    Според светото предание, причина за неговото погубување биле жестоките критики упатени кон управникот на Галилеја, Ирод Антипа, кој ја истерал својата законита жена и се оженил со Иродијада, сопругата на својот жив брат Филип. Јован јавно го осудувал овој чин со зборовите: „Не ти личи да ја земеш жената на брат ти“, поради што бил затворен.

    На роденденската прослава на Ирод, ќерката на Иродијада, Саломија, танцувала пред гостите, по што пијаниот владетел ѝ ветил дека ќе ѝ исполни каква било желба. По совет на нејзината мајка, Саломија ја побарала главата на Јован Крстител на послужавник. Ирод го исполнил ветувањето, по што џелатите му ја отсекле главата на светителот во самицата.

    Неговите ученици го зеле телото и чесно го погребале, додека Иродијада ја закопала главата на скриено место, од каде подоцна била откопана и пренесена во Ерусалим. Според преданието, сите учесници во погубувањето ги стигнала казна: Ирод и Иродијада биле прогонети и завршиле во беда, додека Саломија го загубила животот трагично.

    Црквата го одбележува овој настан на 11 септември (29 август според стариот календар), односно на денот кога била осветена црквата подигната над неговиот гроб во Севастија од страна на царот Константин и царицата Елена. Во македонската народна традиција, овој празник се почитува со строг пост без употреба на масло и риба, а во верувањата Свети Јован е познат и како заштитник на кумството и побратимството.

    Прочитај повеќе

    ФОТО: Ќерката на Цеца го покажа синчето – „Бесоните ноќи се тешки, но и посебни”

    06.10.2026 во 09:06

    Денес ништо нема да биде случајно: Хороскоп за 6 октомври

    06.10.2026 во 08:27
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.