Close Menu
Press24
    Најново

    Цената на нафтата „Брент“ падна под 115 долари за барел

    28.10.2026 во 17:29

    Шпанија: Поранешната министерка Фатима Бањес меѓу загинатите во железничката несреќа кај Толедо

    28.10.2026 во 17:12

    Студентите бараат 200 денари за оброк

    28.10.2026 во 17:05
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Цената на нафтата „Брент“ падна под 115 долари за барел
    • Шпанија: Поранешната министерка Фатима Бањес меѓу загинатите во железничката несреќа кај Толедо
    • Студентите бараат 200 денари за оброк
    • Приведените за двете убиства во Ѓорче Петров признале во полиција – жртвите биле врзувани и претепувани
    • Неофицијално: Искра Хаџи Василева победи на изборите за шеф на Обвинителството за организиран криминал
    • Шест часа ќе нема струја – најавени исклучувања во неколку општини
    • Маж прославувал раѓање на дете, па по расправија со нож го прободел колегата – Инцидент во Батајница
    • Волк нападна осумгодишно девојче во зоолошка градина во Германија – итно префрлено со хеликоптер во болница
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Бен Афлек откри како реагираат неговите деца кога им дели љубовни совети

    Бен Афлек откри како реагираат неговите деца кога им дели љубовни совети

    28.09.2026 во 22:362 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Актерот Бен Афлек зад себе има два брака. Со актерката Џенифер Гарнер беше во брак од 2005 до 2018 година и има три деца: Вајолет (20), Фин (17) и Семјуел (14).

    Потоа, по неколку години поминати сам, реши да се смири со својата поранешна девојка и повторно да ѝ даде шанса на нивната љубов.

    Џенифер Лопез и Бен Афлек се венчаа во 2022 година, но, за жал, нивниот брак не траеше долго. По две години брак се разделија, а оттогаш тој е сам.

    Покрај двата брака, зад себе има и бројни врски, а се чини дека поради (не)успехот во љубовта, неговите деца не го сфаќаат сериозно кога сака да им даде некаков совет.

    Како што неодамна откри во емисијата кај Џими Кимел, неговите деца брзо ги доведуваат во прашање неговите совети за врските.

    Актерот признава дека неговите претходни бракови го направиле лесна мета за трпезариската маса.

    Како што се присетил во популарната емисија, еднаш се обидел да го каже своето мислење за една врска, но едно од неговите деца веднаш му се спротивставило.

    „Реков: Па, работата со таа врска е што таа личност…, а седумнаесетгодишникот само се сврте кон мене и ми рече: О, како да си ти експерт за врски?“, раскажал Бен Афлек и додал:

    „Им давам совети и се обидувам да разговарам со нив, да ги воспитувам како што тоа обично го прават родителите. Она што го сфатив е дека сега не е само еден тинејџер кој превртува со очите. Понекогаш ќе започнам некоја приказна за време на вечерата, а потоа ќе забележам како разменуваат погледи и ќе сфатам дека јас сум карикатурата во целата приказна.“

    Прочитај повеќе

    Игор Џамбазов домаќин на боемите, македонскиот шоумен во поддршка на македонската музика

    28.10.2026 во 09:51

    Дневен хороскоп: Овенот да избегнува шопинзи, Вагата ја очекува важен разговор

    28.10.2026 во 09:09
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.