Close Menu
Press24
    Најново

    Неофицијално: Вечерва во Прилеп уапсен виш јавен обвинител

    06.10.2026 во 19:35

    ГАЛЕРИЈА: Голема заплена на Царината – Ги фатиле со 79 кила дрога

    06.10.2026 во 10:55

    Мицкоски против кратење на празниците: Правата на работниците треба да се почитуваат

    06.10.2026 во 11:33
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • УХМР со лоши вести за претстојниот викенд – следува пресврт
    • Пресврт по неуспешната егзекуција: Криста Пајк се разбуди од кома, свесна е и зборува во болница
    • Безбедносна тревога во Софија: Бугарската претседателка Илијана Јотова свика седница на Советот за национална безбедност
    • 39 пакувања со дрога пронајдени во Идризово
    • Гостивар: Мајка си го пријавила синот во полиција
    • Крвава пресметка во Идризово: Избоден затвореник пренесен на клиника
    • Му забодел нож во гради на колегата – Детали за крвавата пресметка меѓу возачите на автобуси на кружен тек во Белград
    • Полицијата заплени 94 графички картички без документи кај скопјанец
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Фемицидот може да се спречи: Во Собранието се бараат посилни институции и подобра превенција

    Фемицидот може да се спречи: Во Собранието се бараат посилни институции и подобра превенција

    28.09.2026 во 22:112 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во Собранието денеска започна Регионалната конференција за фемицид во Југоисточна Европа, во организација на Мисијата на ОБСЕ во Скопје. На дводневниот настан учествуваат претставници на институции, парламенти, правосудството, меѓународни организации и граѓанскиот сектор од регионот.

    Во фокусот се законодавните и институционалните одговори на фемицидот, парламентарниот надзор, механизмите за следење и собирање податоци, како и стандардите за идентификување и истражување на родово поврзаните убиства.

    Потпретседателката на Собранието Весна Бендевска ја истакна одговорноста на парламентот не само во носењето закони, туку и преку надзорната и буџетската функција да следи дали тие се спроведуваат и дали институциите имаат доволно ресурси.

    На конференцијата беше нагласено дека фемицидот не треба да се третира како изолиран или приватен семеен проблем, туку како најекстремна форма на родово базирано насилство, при што превенцијата бара координирана работа на институциите.

    Генералниот секретар на ОБСЕ Феридун Х. Синирлиоглу, преку видеопорака, порача дека насилството врз жените е сериозно прашање за човековите права и безбедноста, додека амбасадорот Килиан Вал, шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, ја нагласи потребата од конкретни мерки, координација и доследно спроведување на законите.

    Посебно внимание беше посветено на иницијативата Femicide Watch, која има цел да собира и анализира податоци за родово базираните убиства и да придонесе кон креирање политики за превенција засновани на докази.

    На конференцијата се разговара и за искуствата од регионот, парламентарниот надзор, истрагите на случаи на фемицид и обиди за фемицид, како и за унапредување на мултисекторската поддршка за жртвите на родово базирано насилство.

    Конференцијата продолжува утре, кога се очекува да бидат презентирани заклучоци, препораки и следни чекори.

    Прочитај повеќе

    УХМР со лоши вести за претстојниот викенд – следува пресврт

    06.10.2026 во 23:52

    39 пакувања со дрога пронајдени во Идризово

    06.10.2026 во 23:23
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.