Close Menu
Press24
    Најново

    Неофицијално: Вечерва во Прилеп уапсен виш јавен обвинител

    06.10.2026 во 19:35

    ГАЛЕРИЈА: Голема заплена на Царината – Ги фатиле со 79 кила дрога

    06.10.2026 во 10:55

    Мицкоски против кратење на празниците: Правата на работниците треба да се почитуваат

    06.10.2026 во 11:33
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • УХМР со лоши вести за претстојниот викенд – следува пресврт
    • Пресврт по неуспешната егзекуција: Криста Пајк се разбуди од кома, свесна е и зборува во болница
    • Безбедносна тревога во Софија: Бугарската претседателка Илијана Јотова свика седница на Советот за национална безбедност
    • 39 пакувања со дрога пронајдени во Идризово
    • Гостивар: Мајка си го пријавила синот во полиција
    • Крвава пресметка во Идризово: Избоден затвореник пренесен на клиника
    • Му забодел нож во гради на колегата – Детали за крвавата пресметка меѓу возачите на автобуси на кружен тек во Белград
    • Полицијата заплени 94 графички картички без документи кај скопјанец
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ВМРО-ДПМНЕ: Поради Владата Македонија има најевтино гориво во регионот

    ВМРО-ДПМНЕ: Поради Владата Македонија има најевтино гориво во регионот

    28.09.2026 во 23:023 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    „Сите големи теми имаат смисла само ако на крај произведат подобар живот, токму тука, дома. Но, нашата главна работа останува економијата. Подобро добро платени работни места, инвестиции, инфраструктура, посилни домашни компании и повеќе пари на крајот од денот да останат во семејните буџети“, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вечерашниот митинг во општина Брвеница, во рамките на  претстојните вонредни локални избори, под слоганот  „Една Брвеница за сите! Да ја сочуваме силата на единството!”

    Мицкоски нагласи дека фокусот на ВМРО-ДПМНЕ е силна економија, повеќе инвестиции, подобра инфраструктура, посилни домашни компании и повеќе средства кои ќе остануваат во семејните буџети на граѓаните.

    „Во вториот квартал од оваа година македонската економија забележа реален раст  од 4,3 проценти во однос на истиот период од минатата година. Градежништвото порасна за 21,9 проценти, а инвестициите продолжија да се зголемуваат. Јас не велам дека тоа е идеално и дека тоа ќе ги реши сите проблеми коишто ќе ги иимаме. Но велам дека е многу подобро од  состојбата што беше пред 3-5 години, кога економијата  не растеше и кога бевме последни во регионот. Сега кога сме први во регионот ми вадат изјава „Мицкоски не ја кажа вистината, не сме трета економија во Европа“, според растот сме биле четврта. Добро, прифаќам. Aма во ваше време бевме последни во регионот. И сето ова коешто сега го споменувам е сигнал дека од длабок минус, од длабока нула, ограбена држава, понижена, распродадена, конечно дојдовме во состојба кога ќе почнеме да зборуваме за раст и растот мора да продолжи. Мораат резултатите повеќе да се чувствуваат, во повисоки плати во периодот којшто следи, во повеќе добро платени работни места, училишта, патишта, водоводи, канализации, здравствени установи, јавни услуги што функционираат“, изјави Мицкоски.

    Мицкоски истакна дека средства во висина од половина милијарда евра со доаѓањето на владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, се насочени директно во општините за континуиран раст и развој, потенцирајќи дека мерките на владата даваат резултати.

    „Половина милијарда евра со доаѓањето на оваа влада, средства се насочени директно во општините. Неколку милиони завршија токму тука во Брвеница. И сега треба да направиме план како следната година да имаме нов повик, за ново финансирање, проекти во општините“, рече Мицкоски и додаде:

    „Во услови кога светот живее во најголема неизвесност , во услови кога имаме историски, епски, натешката и најголемата енергетска криза, кога секаде во светот горивата дојдоа и до 3 евра по литар, денес  во Македонија благодарение на  политиките, новата уредба изгласана за намалување на данокот  на додадена вредност, дизелот поевтинува. Секаде во светот расте, во Македонија, кај нас поевтинува. Тоа е политиката на оваа влада“.

    Прочитај повеќе

    По една деценија застој: Владата обезбеди 470 милиони денари за завршување на затворениот базен во Охрид

    06.10.2026 во 17:27

    Европа забавува, Западен Балкан забрзува: Светска Банка проектира раст од 3,1%

    06.10.2026 во 12:15
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.