Демократско Движење: Владините функционери ги покачија нивните плати на над 2.000 евра, за граѓаните само 2.000 денари покачување

„Министерот за економија, Крешник Бектеши, зголемувањето на минималната плата за 10 % или за 2.000 денари го смета за големо достигнување. Од друга страна, покачувањето на платите за функционерите изнесуваше 78%, достигнувајќи вредност од 128.000 денари или над 2.000 евра, и ова е исмејување со судбината на обичниот граѓанин“, реагираат од Демократското движење преку соопштение до медиумите.

„Веќе сите знаеме дека граѓаните се на работ на егзистенција. Се разбира, овој секојдневен притисок не го чувствуваат владините функсионери и нивните семејства, бидејќи тие токму на сметка на граѓаните си обезбедија за себе удобно секојдневие.

Ова што го прави власта е само уште еден обид да се купи волјата на граѓаните за претстојните избори.

Но, граѓаните добро знаат дека владата се обидува да го продаде како успех покачувањето на минималната плата за 2.000 денари, додека за себе ги покачија платите во вредност од повеќе од 2.000 евра, и корупциските скандали не престануваат“, стои во реакцијата на ДД испратено до медиумите.

22.09.2023 - 14:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега