Делови од Карпош и Центар утре без вода

Од ЈП Водовод и канализација известуваат дека за ден 31.05.2023 година ( Среда ) имаат планирано три интервенции во водоводната мрежа и тоа:

1. Поради уличен дефект ф-160мм на бул. 8-ми Септември бб (во близина на институт за социолошки, политички и правни истражувања), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од бул. 8-ми Септември и дел од ул. Варшавска. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со санација на дефектот.(општина Карпош)

2. Поради дефект на приклучна цевка 1“ на Варшавска 1-2 (општина Карпош) , прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од Варшавска, дел од Париска и дел од Прашка.Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот. (општина Карпош)

3. Поради менување на вентили во шахта на ул. Ристо Шишков 31 и Крсто Баиќ 9а, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од бул. Илинден ,односно потегот од Градски Парк до Влада на РСМ и дел од Градски Парк. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектите. (општина Центар)

30.05.2023 - 16:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега