Делењето на креветот со домашните миленици може да биде многу корисно, покажува новото истражување

Неодамнешното истражување објавено во весникот „Mayo Clinic Proceedings“ покажало дека дозволувањето на вашето куче да спие во вашата соба или кревет не го нарушува квалитетот на сонот, додека на милениците им обезбедува подобар сон.

 

Студијата била спроведена помеѓу 40 возрасни лица, воглавно средовечни жени, кои спиеле со своите кучиња, без разлика дали во иста соба или во кревет. И луѓето и кучињата носеле уреди за следење на движењата, а резултатите покажале дека на некои сопственици спиењето со животните им било пријатно и го намалило нивото на стрес.

„Под услов сите добро да спијат, делењето на креветот може да биде многу корисно“, вели водечката авторка на студијата, д-р Лоис Кран.

 

Таа тврди дека мачката која преде и добро одгледаното куче можат да делуваат релаксирачки кај сопственикот и да придонесат за квалитетен сон.

Но, треба да се напомене дека на возрасните луѓе им се потребни 7 до 9 часа сон, а на кучињата од 12 до 14. Ако одлучите да го делите креветот со своето куче, придржувајте се до распоредот за вакцинирање и редовно капете го и четкајте го.

16.06.2021 - 23:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега