Close Menu
Press24
    Најново

    Битола домаќин на Мицкоски – Посета на компанија и училишен објект

    09.07.2026 во 08:04

    Николоски во работна посета на Гевгелија – Увид во два инфраструктурни проекти

    09.07.2026 во 08:03

    Ќе нема струја 8 часа, исклучувања низ Скопје – На неколку улици ќе нема и вода

    09.07.2026 во 08:01
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Битола домаќин на Мицкоски – Посета на компанија и училишен објект
    • Николоски во работна посета на Гевгелија – Увид во два инфраструктурни проекти
    • Ќе нема струја 8 часа, исклучувања низ Скопје – На неколку улици ќе нема и вода
    • Продолжува расправата за ребалансот на Буџетот – во игра 224 амандмани
    • Тошковски и генералниот секретар на Интерпол во посета на Полициската академија
    • Клучни закони пред пратениците: Во фокус виоското образование и мисијата во Либан
    • Времето ќе се менува до недела: УХМР со временска прогноза
    • Која е сопругата на Лионел Меси? Таа се откажа од факултет поради него, а денес е ѕвезда
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Делегација на Собранието учествува на 20. Генерално собрание на Парламентарното собрание на Медитеранот

    Делегација на Собранието учествува на 20. Генерално собрание на Парламентарното собрание на Медитеранот

    08.05.2026 во 21:153 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Делегација на Собранието на Република Северна Македонија во Парламентарното собрание на Медитеранот (ПСМ), во состав од пратениците Сали Мурати, Јованка Тренчевска и Ѓорѓија Сајкоски, како и заменик-генералниот секретар на Собранието Ибуш Јусуфи, од 6 до 9 мај во Будва, Црна Гора, учествуваше на 20. Генерално собрание на Парламентарното собрание на Медитеранот.

    Како што информира собраниската прес-служба, делегацијата била официјално пречекана од претседателот на Парламентот на Црна Гора, Андрија Мандиќ, кој изразил добредојде и ја потврдил важноста на меѓупарламентарната соработка во Медитеранскиот Регион.

    -Генералното собрание беше одбележано со широко меѓународно учество – на настанот присуствуваа повеќе од 350 делегати од земјите членки и партнери на ПСМ. Во рамки на настанот беше потпишан Меморандум за разбирање помеѓу Парламентарното собрание на Медитеранот и Парламентарната мрежа на Неврзаното движење, со што се отвора нова страница во меѓународната парламентарна соработка. Во рамки на богатата програма беше промовиран проектот на ПСМ „Cognitive Capital”, иновативна иницијатива поддржана со вештачка интелигенција, насочена кон унапредување на знаењето и капацитетите во медитеранскиот регион. Исто така, беше одржана и свечена церемонија за доделување на наградите на ПСМ за 2026 година, на која беа признати извонредни придонеси во областа на парламентарната дипломатија и регионалната соработка, се наведува во соопштението. 

    Во текот на Генералното собрание биле разгледани и ставени на гласање шест предлог-одлуки кои опфаќаат клучни теми од актуелниот меѓународен контекст – безбедност, борба со тероризмот, миграција и заштита на човековите права. По секоја од овие точки, како што информира собраниската прес-служба, „делегацијата на Република Северна Македонија јасно ги изнесе своите ставови и позиции, придонесувајќи кон конструктивниот дијалог на Собранието“.

    -Шефот на Делегацијата, пратеникот Сали Мурати, активно учествуваше во два тематски панела: „Политичка и безбедносна соработка во Евромедитеранскиот и Заливскиот Регион” и „Глобални трендови во однос на одржливоста и еколошките предизвици во регионите на ПСМ”. Во своето излагање на панелот посветен на безбедноста, пратеникот Мурати нагласи дека мултилатерализмот претставува единствениот одржлив пат кон мир, стабилност и безбедност во современиот свет. Тој потенцираше дека членството на Република Северна Македонија во НАТО не е само формален чекор, туку длабока стратешка определба за колективна безбедност, меѓусебен дијалог и активна меѓународна соработка. Пратеникот Мурати упати конкретен повик кон сите земји членки за зајакната парламентарна соработка, систематска размена на информации и разузнавачки сознанија, како и за изградба на заеднички пристап во справувањето со безбедносните предизвици, нелегалната миграција и меѓународниот тероризам, стои во соопштението. 

    На сесијата посветена на глобалните трендови на одржливост и еколошки предизвици, пратеникот Мурати го потврдил цврстиот ангажман на Република Северна Македонија во областа на заштитата на животната средина, истакнувајќи ја оваа тема како еден од највисоките национални и регионални приоритети.

    -Тој информираше дека државата во изминатите години презела конкретни и мерливи чекори во насока на развој на обновливи извори на енергија, зголемување на енергетската ефикасност и воспоставување современи системи за управување со отпадот. Воедно, пратеникот Мурати укажа на сериозната закана која ја претставуваат загадувањето на воздухот и климатските промени, кои директно и мерливо влијаат врз секојдневниот живот и здравјето на граѓаните. Во заклучокот на своето обраќање, тој упати силен повик за засилена регионална и меѓупарламентарна соработка, трансфер и размена на технологии, како и за конкретни и координирани активности насочени кон одржлив развој и долгорочна заштита на животната средина во Медитеранскиот Регион, информира Собранието. 

    Прочитај повеќе

    Битола домаќин на Мицкоски – Посета на компанија и училишен објект

    09.07.2026 во 08:04

    Николоски во работна посета на Гевгелија – Увид во два инфраструктурни проекти

    09.07.2026 во 08:03
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.