Вистинска драма се одвивала на улиците во Будва кога рутинска сообраќајна контрола прераснала во физичка пресметка. 29-годишниот турски државјанин Ц.У.Г. и 26-годишната А.С. од Казахстан, двајцата со привремен престој во Црна Гора, брутално нападнале полициски службеник додека се обидувал да ги легитимира.
Според полициското соопштение, Турчинот почнал да го удира полицаецот со тупаници во пределот на градите и главата. Додека службеникот се обидувал да го совлада напаѓачот, девојката од Казахстан физички го попречувала, влечејќи го полицаецот за униформата и рацете. Напаѓачот е веднаш лишен од слобода и му е одреден притвор под сомнение за напад врз службено лице.


