Две лица од Република Албанија, 26-годишниот К.Л. и 16-годишна малолетничка, се лишени од слобода вчеравечер во Тетово по инцидент поврзан со паркирање. Според СВР Тетово, инцидентот се случил околу 16:00 часот. П.И. (34) од Тетово пријавил дека по вербална расправија за паркирано возило „фолксваген“ со албански таблички, бил физички нападнат. Во нападот, К.Л. се обидел да употреби остар предмет, додека малолетничката го удрила тетовецот со тврд предмет. Полицијата ги пронашла и привела сторителите во 20:00 часот, а по документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
- Илјадници луѓе на улиците на Франција по крвавиот масакр
- САД наредија евакуација на дел од дипломатскиот персонал од Саудиска Арабија
- Врховниот суд ја потврди казната: 12 години затвор за Стојанче Јовановски
- УХМР со најнови мерења: Еве каде е најстудено вечерва во Македонија
- Пронајдено човечко тело во кеса за ѓубре во Бруклин
- Вучиќ: За пет дена срушија и уништија сè
- Скокна цената на нафтата
- Сали во Даблин: Проширувањето на ЕУ и реформите во фокусот на средбата со Томас Бирн

