Д-р Мехмедовиќ предупредува: Кај заразените од делта-сојот дури за четирипати е зголемена потребата од интензивно лекување

Д-р Злате Мехмедовиќ, во разговор за ТВ Сител, вели дека е неопходен унифициран пристап во медицинскиот третман на пациентите коишто се заразени со коронавирусот. Според него, тоа е една од причините за големиот број смртни случаи во нашата држава.

– Прво и основно, кога зборуваме за големата смртност и за тоа дека сѐ повеќе млади се инфицираат со вирусот, треба да се има предвид дека треба да има точно одредени протоколи за тоа како се лекуваат пациентите. Тој протокол треба да биде донесен согласно Законот за медицина базирана на докази, да биде објавен во службен весник и редовно да се надградува, вели д-р Мехмедовиќ.

Д-р Мехмедовиќ предупредува дека кај заразените од делта-сојот дури за четирипати е зголемена потребата од интензивно лекување и кислородна поддршка и затоа апелира граѓаните да не мислат дека асимптоматски ќе ја поминат заразата и навреме да побараат лекарска помош.

03.09.2021 - 10:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега