Close Menu
Press24
    Најново

    Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ

    28.10.2026 во 23:42

    20 години од смртта на Наско Џорлев

    28.10.2026 во 23:19

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ
    • 20 години од смртта на Наско Џорлев
    • Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво
    • Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж
    • Пет планети се ретроградни, еден знак особено ќе ја доведе во прашање љубовта
    • Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата
    • Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат
    • Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Црн биланс на семејното насилство: Три апсења и четири пријави за напади врз најблиските во едно деноноќие

    Црн биланс на семејното насилство: Три апсења и четири пријави за напади врз најблиските во едно деноноќие

    18.04.2026 во 14:172 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерството за внатрешни работи соопшти дека во изминатото деноноќие три лица се лишени од слобода, а со четири е извршен службен разговор за семејно насилство. 

    На 17.04.2026 во 06:35 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода М.Ж.(22) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека околу 05:30 часот пред станбена зграда на подрачјето на Кисела Вода, а ѝ во изминатите неколку дена му упатувал закани на неговиот 64-годишен татко, при што користел и нож. При преглед кај него бил пронајден ножот, како и дробилка со остатоци од марихуана.

    На 18.04.2026 во 00:40 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ја лишија од слобода 44-годишната М.П. од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека на 16.04.2026 околу 19:30 часот на подрачјето на Карпош упатувала закани на нејзиниот 64-годишен поранешен сопруг и нивните деца. Според пријавеното, тој ѝ во изминатиот период трпел психичко и физичко насилство. При извршен преглед кај неа била пронајдена и одземена бела прашкаста материја.

    На 17.04.2026 во 18:00 часот во СВР Скопје, 42-годишна жена пријавила дека на 16.04.2026 околу 22:00 часот во семејната куќа на подрачјето на Шуто Оризари во Скопје била физички нападната од нејзиниот брат Р.М.(40). Полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода извршиле службен разговор со пријавениот.

    На 17.04.2026 во 18:30 часот во СВР Скопје, 76-годишен маж од Скопје пријави дека на 16.04.2026 околу 22:30 часот во семејниот дом на подрачјето на Драчево, по претходна расправија, бил физички нападнат од неговиот 50-годишен син Г.П и неговата 46-годишна ќерка С.П.. Според пријавеното, тој ѝ претходно трпел психичко и физичко насилство, но досега немал пријавено. По преземени мерки, во 20:20 часот полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода извршиле службен разговор со синот и ќерката.

    На 18.04.2026 во 01:30 часот во СВР Охрид е извршен службен разговор со В.С.(46) од Охрид, постапувајќи по претходна пријава од неговата поранешна 39-годишна сопруга дека во последно време физички го напаѓал нивниот малолетен син за време на викендите кога бил кај него согласно решението на Центарот за социјални работи Охрид. Според пријавеното, последен пат тоа се случило на 17.04.2026 околу 22:00 часот.

    На 17.04.2026 во 20:15 часот, полициски службеници од Полициското одделение Галате го лишија од слобода Е.М. од гостиварско село, постапувајќи по претходни пријави дека упатувал закани кон неговата 35-годишна поранешна партнерка и нејзиното семејство.

    Се преземаат мерки за расчистување на случаите и по нивно целосно документирање против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави. 

    Прочитај повеќе

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02

    55-годишник од липковско ги нападнал сопругата и ќерката, завршил зад решетки

    28.10.2026 во 20:18
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.