Полицискиот билтен за изминатото деноноќие бележи загрижувачки број на случаи на семејно и партнерско насилство во неколку градови низ Македонија.

Во Скопје, вчера е уапсен 41-годишниот Ѓ.К. од Велес, откако во семејниот дом со тврд предмет ја нападнал својата 39-годишна партнерка и ѝ го искршил телефонот. При претрес кај него е најдена и марихуана.

Во Штип, регистрирани се два инциденти. Првиот е во штипско село каде 47-годишниот И.П. физички го нападнал својот 74-годишен татко. Во вториот случај, 26-годишен штипјанец пријавил дека бил претепан од својата 20-годишна девојка.

Најмногу пријави има во Делчево. Синоќа, половина час по полноќ, приведен е В.Н. (53) кој ја тепал и ѝ се заканувал на својата сопруга. Само 20 минути подоцна, уапсен е и А.И. (48), исто така поради физички напад врз сопругата и кршење на нејзиниот телефон.

Exit mobile version