Вчера попладне, во стан во центарот на Скопје, пронајдено е безживотното тело на 48-годишниот А.М. од Скопје. Случајот во Секторот за внатрешни работи Скопје бил пријавен во 17:07 часот. Полициски службеници веднаш излегле на лице место во станот лоциран на улицата „Рајко Жинзифов“.

Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а при првичниот преглед не биле забележани видливи траги на насилство. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција за да се утврдат точните причини за смртта.

Exit mobile version