Најмалку 217 луѓе починале во шест болници во Техеран откако демонстратнтите биле застрелани  во центарот на иранската престолнина, објавуваат западните медиуми. 

Доколку овие бројки се потврдат, тоа сигнализира брутална репресија која се одвива во услови на целосно исклучување на интернетот и телефонските линии низ целата земја.

Невладината организација „Човекови права во Иран“ со седиште во Норвешка, пак, известува дека најмалку 45 демонстранти, меѓу кои и осум малолетници, се убиени во обидите за растерување на протестите, посочувајќи ја средата како најкрвав ден со 13 жртви. Американската организација „Хјуман рајтс воч“ наведува бројка од 34 убиени демонстранти, четворица припадници на безбедносните сили и над 2.200 уапсени. Официјалните ирански медиуми признаваат „најмалку 21 мртов“.

Ситуацијата на терен е драматична.

Социјалните мрежи пренесуваат информации дека во Фардис безбедносните сили отвориле оган и застрелале десетици луѓе, иако поради интернет блокадата овие информации тешко се потврдуваат. Демонстрантите директно го напаѓаат врховниот лидер Али Хамнеи, кинат знамиња и извикуваат „Смрт на диктаторот“.

Exit mobile version