Полициски службеници од станицата за граничен надзор „Охридско Езеро“ вчеравечер реализираа успешна акција за сузбивање на криволовот. На 09.01.2026 година, во 19:30 часот, лишени се од слобода Д.К. и Н.С., двајцата жители на селото Пештани.

Акцијата е спроведена во координација со рибочуварската служба, при засилени контроли за време на мрест и забрана за лов на пастрмка, белвица и јагула. На околу 100 метри од брегот кај Пештани, полицијата затекнала чамец во кој се наоѓале двајцата осомничени.

При прегледот на пловниот објект, пронајдени се шест рибарски мрежи со вкупна должина од околу 720 метри. Во мрежите имало богат, но нелегален улов од 585 парчиња риба белвица, со вкупна тежина од 106,8 килограми. Лицата се приведени во полициска станица по насоки на Јавен обвинител, а чамецот и опремата се одземени.

Exit mobile version