.Утре времето ќе биде променливо облачно и топло со повремени локални врнежи од дожд кои ќе продолжат и во текот на ноќта кон вторник. Локално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме проследени со пороен дожд, засилен ветер и појава на грмежи.
Според УХМР, до крајот на работнава недела ќе преовладува променливо облачно и посвежо време со сончеви периоди. Од попладневните часови од петок повторно се очекуваат врнежи.
До среда ќе дува засилен северен ветер кој на моменти ќе надминува брзина од 50 km/h.


