Close Menu
Press24
    Најново

    Нов закон за откуп на земјиштето под зграда

    20.10.2026 во 11:21

    Инфлација: Поскапеа сендвичите во 7ца – ова се новите цени

    19.10.2026 во 22:34

    Отворен нов дом на Црвениот крст во Гази Баба: Општината обезбеди нови простории за хуманитарците

    19.10.2026 во 22:32
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Се судрија мопед и „мерцедес“ на булевар „Кочо Рацин“
    • Инстаграм профилот на агенцијата Бета под хакерски напад
    • По децении запуштеност, ќе се реконструира спортската сала „Македонија“ во Прилеп
    • Бугарија нема да учествува во новиот финансиски пакет: Радев ја одби европската иницијатива за нов заем од 70 милијарди евра за Украина
    • Македонскиот јазик и култура се негуваат меѓу младите во Хрватска преку проект во Пула
    • Американски „Quartz“ ја објави листата за 2026 година: Сараево е најдобра дестинација на Балканот
    • Герасимовски: Барутана нема да оди на гласање без дополнителни анализи за безбедноста
    • Трамп демантира ескалација: САД нема да го нападнат Иран пред изборите
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Чистота и зеленило се поднови со две нови возила за смет

    Чистота и зеленило се поднови со две нови возила за смет

    13.11.2025 во 14:482 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Јавното комунално претпријатие „Чистота и зеленило“ Куманово доби две нови специјализирани возила за изнесување смет, информираа денеска од претпријатието. Средствата за набавка се обезбедени преку Бирото за рамномерен регионален развој и Министерството за локална самоуправа, со имплементација од Центарот за развој на Североисточниот плански регион. Новите возила ќе се користат за собирање отпад во потесни и тешко пристапни улички низ Куманово.

    „Презадоволни сме од набавката на овие возила кои дополнително ќе ги подобрат условите за изнесување и депонирање на смет. Многу е важно за граѓаните кои живеат во потесни улички да добијат навремена и квалитетна услуга“, изјави директорот на претпријатието Ненад Стојановски.

    Претпријатието во моментов располага со околу дваесетина возила, од кои дел се во неисправна состојба и често не можат да се поправат. Стојановски изрази надеж дека општината ќе продолжи со инвестиции во нова механизација, како преку сопствени средства, така и преку проекти со поддршка од државата.

    Поранешната претседателка на Советот на општината, Ивана Ѓорѓиевска, информираше дека вредноста на набавката изнесува над 1,6 милиони денари.
    „Многу е важно да се подобри квалитетот на изнесување на смет во потесни улички. Граѓаните од неколку населби реагираа дека, поради непристапноста на теренот, им се потребни вакви возила“, изјави Ѓорѓиевска.

    Во рамки на истиот проект ќе биде набавено уште едно специјализирано возило за потребите на претпријатието, а општините Ранковце и Старо Нагоричане ќе добијат нови садови за смет.

    Прочитај повеќе

    Се судрија мопед и „мерцедес“ на булевар „Кочо Рацин“

    20.10.2026 во 23:46

    Македонскиот јазик и култура се негуваат меѓу младите во Хрватска преку проект во Пула

    20.10.2026 во 22:34
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.