Брза помош го однесе возачот на „бмв-то“ кај Гоце Делчев

 

 

Возило на итната медицинска помош го пренела возачот на „бмв-то“ кое излета и удри во сообраќаен знак на булеварот „Гоце Делчев“, објави 360 Степени.

Засега нема информации од МВР за причината за несреќата, ниту за идентитетот на возачот.

Сообраќајот се одвива отежнато, во една сообраќајна лента додека полициски службеници вршат увид на местото. 

Инаку, ова е втора тешка сообраќајна несреќа на булеварот „Гоце Делчев“ во само неколку дена. Речиси на истото место се преврте „шкода“, па се запали. Четири луѓе беа однесени на скопските клиники за укажување на помош.

 

-На 15.10.2024 околу 20.55 часот е пријавено дека на бул Гоце Делчев на кракот со ул Лазар Личеновски во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило “шкода” со скопски регистарски таблички и патничко возило “бмв” со скопски регистарски таблички. Возилото “шкода” се превртело и се запалило. Четири лица се пренесени во Клинички Центар Мајка Тереза за укажување на помош. Сообраќајот беше пренасочен кратко време , а сега се одвива во една коловозна лента, соопшти тогаш МВР.

 

 

18.10.2024 - 18:10

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега