Close Menu
Press24
    Најново

    Нови апсења во случајот „Државна лотарија“ – падна финансиска директорка

    05.10.2026 во 13:31

    РКЕ одлучи: Од полноќ поевтинуваат и бензинот и дизелот

    05.10.2026 во 12:35

    Нема потреба од 5 верски празници – газдите бараат да се скратат 3 неработни денови

    05.10.2026 во 13:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Радев бесен: Напад со дронови во Бугарија – еден брод потонал друг се запалил
    • Мицкоски: Откриени над 4.500 лажни корисници – починати и иселени примале социјална помош
    • Вработениот го фатил како краде, па му одговорил со тупаници – апсење на Бит Пазар
    • ФЗОМ ги усвои новите правила за боледување
    • ВРЕДИ: За две и пол години унапредени 428 Албанци во МВР
    • Апсење во Тетово: Ја малтретирала својата ќерка и нејзиното десетмесечно бебе
    • Жерновски: Идентитетот ни е забетониран – Мицкоски ве лаже
    • И македонското Министерство за здравство привремено ја прекинува вакцинацијата со БСЖ
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Британските пратеници го одбија предлогот за легализација на евтаназијата

    Британските пратеници го одбија предлогот за легализација на евтаназијата

    11.09.2026 во 21:332 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Британските пратеници денеска го одбија предлогот за легализација на потпомогнатата евтаназија за неизлечиво болните лица.

    Ова претставува голем удар за заговорниците на оваа иницијатива, со што е завршен најновиот обид за измена на законот, наведуваат локалните медиуми.

    По ваквиот исход од гласањето, останува во сила забраната за асистирано самоубиство и се продолжува децениската дебата за тоа дали на неизлечиво болните треба да им се дозволи да го завршат животот со медицинска помош, како и за тоа како ранливите лица би можеле да се заштитат од принуда во случај на измена на законот.

    Долниот дом на парламентот го одби предлог-законот со 286 гласа „против“ и 270 „за“.

    Предлог-законот би им овозможил на ментално способните, полнолетни лица во Англија и Велс, на кои им остануваат шест месеци живот или помалку, да го завршат животот со медицинска помош по одобрение од стручна комисија.

    Бидејќи предлог-законот денеска не ја мина првата парламентарна препрека, не може повторно да биде разгледуван во текот на актуелното законодавно заседание, за кое се очекува да трае до пролет следната година.

    Премиерот Енди Барнам претходно изјави дека дебатата за легализација на потпомогнатото завршување на животот би требало да почека додека не се унапредат британските системи за палијативна нега и социјална заштита на возрасните, иако неговата влада задржа неутрален став за овој закон и им дозволи на пратениците да гласаат по сопствена совест.

    Барнам денеска не учествуваше во гласањето.

    Парламентот исто така одби сличен обид за легализација на помошта при умирање во 2015 година, а за ова прашање во Британија се расправа со децении, при што поддржувачите тврдеа дека терминално болните луѓе треба да имаат поголем избор на крајот од животот, а противниците на таа идеа предупредуваа дека секоја промена во законот би можела да ги доведе во опасност ранливите луѓе.

    Анкетата која Ипсос ја објави во понеделникот покажа дека двајца од тројца Британци во принцип ја поддржуваат легализацијата на помошта при умирање, иако во некои случаи таа поддршка зависеше од дополнително финансирање на палијативната нега.

    Прочитај повеќе

    Радев бесен: Напад со дронови во Бугарија – еден брод потонал друг се запалил

    06.10.2026 во 13:26

    Насилни судири во Приштина: Полицијата употреби солзавец и водени топови, повредени 17 лица

    06.10.2026 во 10:15
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.