Државата да влезе во 2026 година со целосно подготвена стратегија за зелена транзиција. Ова е целта на Годишниот план што денеска го разгледуваше Советот за праведна транзиција под координација на Министерството за енергетика (МЕРМС).

На состанокот беше заклучено дека овој документ е клучен за исполнување на обврските од Реформската агенда и Планот за раст. Сепак, министерката Божиновска предупреди дека успехот зависи од меѓуинституционалната координација.

„Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска истакна дека успешната имплементација во 2026 година бара силна меѓуинституционална координација, јасни улоги и активна вклученост на сите релевантни институции, со редовно известување за напредокот преку Советот и работните групи“, соопштија од Министерството.

По денешното усогласување, планот оди на финално усвојување.

„Планот ќе биде подготвен за понатамошно формално усвојување, со цел државата да влезе во 2026 година со јасна насока, приоритети и засилен фокус на спроведување и резултати во рамките на зелената транзиција“, најавија од МЕРМС.

Exit mobile version