Босански камионџија од пеколот: 150 метри го туркал по автопат едно дете загинало

Едно дете загинало а уште 3 лица меѓу кои уште едно дете се повредени во страшната сообраќајна несреќа која вчера доцна попладне се случила на автопатот кон Загреб во близина на Карловац, Хрватска.
Како што јавуваат локалните медиуми, до несреќата дошло во се уште неутврдени околности кога камион со босански регистарски таблички удрил во караван со полски регистрации во кој се превезувало цело семејство.
Од силниот удар, автомобилот се заглавил во подвозјето на камионот кој потоа го туркал по автопатот уште цели 150 метри.
Се уште не се знае што ја предизвикало несреќата и како се случило камионот да удри во автомобилот и тоа во момент кога и двете возила се движеле по угорнина.

07.09.2021 - 12:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега