Босанската НБА ѕвезда едвај спаси жива глава во поплавите

 

 Босна и Херцеговина беше погодена од големи поплави кои предизвикаа големи штети, но и во кои според последните информации животот го загубиле 20 лица.

Едно од местата кои се најпогодени е Јабланица, родното место на екс-репрезентативецот на БиХ, Мирза Телетовиќ.

Според информациите на „Слободна Далмација“ Телетовиќ се нашол во ситуација во која морал да трча низ шума и кал за да се спаси.

Имено, во ова место Телетовиќ има голем инвестиација на брана која не е во употреба, но при временската непогода добил повик од Министерството да ги подигне вентилите. Откако го направил тоа тој се упатил назад кон својот дом, но тогаш пред него се срушило брдо.

„Мораше да го остави својот автомобил и да трча низ шума и кал да се пробие до куќата“, изјави Арман Ризвиќ кој е вработен во кафулето на Телетовиќ.

07.10.2024 - 11:26

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега