Болсонаро хоспитализиран во САД со болки во стомакот

 

Поранешниот претседател на Бразил, Жаир Болсонаро е хоспитализиран во Орландо во американската сојузна држава Флорида поради силни стомачни болки, објавија денеска бразилските медиуми без да наведат извори.

Болсонаро, поранешен екстремно десничарски претседател, го напушти Бразил два дена пред крајот на неговиот мандат за да ја избегне инаугурацијата на новиот претседател на 1 јануари, левичарот Луис Инасио Лула да Силва.

Поранешниот претседател на Бразил бил примен во болницата во Орландо поради „тешки стомачни болки“, пишува весникот „Глобо“, еден ден откако приврзаниците на Болсонаро упаднале во државните институции во Бразил.

Болсонаро, кој негираше вмешаност во нападот, има 67 години и има сериозни последици од прободувањето со нож во септември 2018 година. Беше избоден за време на претседателската кампања и изборите на кои победи. Оттогаш, Болсонаро има здравствени проблеми. Неколку пати бил итно хоспитализиран, а од 2018 година шест пати бил опериран.

09.01.2023 - 20:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега