Болдвин: Никогаш не би вперил пиштол во некого и не би го повлекол чкрапалото, никогаш!

„Никогаш не би вперил пиштол кон некого и не би го повлекол чкрапалото“. Холивудскиот актер Алек Болдвин за првпат јавно низ солзи проговори за трагедијата што се случи на снимањето на филмот Rust, кога кинематографката Халина Хачинс го загуби животот.

Актерот даде ексклузивно интервју за ABC во кое за првпат јавно говореше за несреќниот случај што се случи на снимањето на филмот Rust.

На 21-ви октомври годинава се случи трагедија кога Алек Болдвин (63) со стар револвер за време на пробата на снимањето на филмот Rust, ненамерно ја застрела и ја уби кинематографката Халина Хачинс и го повреди режисерот и сценарист Џоел Соуза.

„Воопшто не го повлеков чкрапалото. Никогаш не би вперил пиштол во некого и не би го повлекол чкрапалото. Никогаш!“ – вели Болдвин во видео најавата за интервјуто за ABC.

Болдвин додава дека не знае како воопшто во пиштолот се нашла вистинска муниција. Потенцира дека воопшто не очекувал дека постоела каква било можност во пиштолот да се најде вистинска муниција.

„Некој ставил вистинска муниција во пиштолот што воопшто не требаше ниту да биде на местото на снимањето“, додава тој.

02.12.2021 - 11:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега