Свечена литија со иконата на Пресвета Богородица Брзопослушница во Струмица
Утре во Струмица ќе се одржи свечена Литија со иконата на Пресвета Богородица Брзопослушница, која ќе тргне од храмот на Светите Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици во Струмица, по завршувањето на Светата Божествена Литургија, соопштија од Струмичката епархија на МПЦ-ОА.
Свештената поворка со иконата на Брзопослушница ќе тргне во 10 часот од храмот им ќе се движи по улиците „Петти ноември“ долж до црквата „Свети Кирил и Методиј", а потоа по улицата „Стив Наумов" и „Герас Цунев" до плоштадот „Гоце Делчев". Тука ќе биде отслужен Молебен на Пресветата Богородица, по што поворката ќе тргне по булеварот „Маршал Тито" па се до црквата „Свети Димитриј и Свети Григориј Палама".
Пред осум години, во втората недела од Великиот пост, посветена на Свети Григориј Палама заштитникот на Струмичката епархија, иконата беше донесена во манастирот „Светите Петнаесет Тивериополски свештеномаченици“ во Струмица како подарок од братството на светогорскиот манастир Дохијар.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа