Полицијата упадна во домот на скопјанец и веднаш го приведе
СВР Скопје поднесе кривична пријава против И.Н.(63) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.
На 07.04.2025, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот во селото Радуша, скопско, при што биле пронајдени и одземени пиштол калибар 9 мм, рамка за пиштолот, куршуми со калибар 9мм. како и дозвола за поседување на оружје на туѓо име.
25.04.2025 - 08:38
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа