Франција воведува нова забрана за пушење на јавни места каде има деца
Од утре во Франција стапува на сила нова забрана за пушење на јавни простори каде што често престојуваат деца. Забраната ги опфаќа плажите, парковите, автобуските станици, како и површините пред библиотеките, базените и училиштата, објави француската новинска агенција АФП.
Декретот, објавен денес во службениот весник, има за цел заштита на децата од пасивно пушење. Прекршителите ќе се соочуваат со парична казна од 135 евра.
Забраната не се однесува на електронските цигари, а пушењето останува дозволено на терасите на кафулињата.
Франција веќе има забрани за пушење на јавни места како работни простори, аеродроми, железнички станици и детски игралишта.
Според официјалните податоци, околу 75.000 луѓе годишно во Франција умираат од болести поврзани со пушењето. Последната анкета покажува дека 62% од Французите ја поддржуваат новата забрана.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа