Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Бобан Стефковски: Го направивме најголемиот роденден во историјата на Македонија
    • Македонскиот кајакар Благој Гугинов победник на Европскиот куп во Австрија
    • Вадете ги чадорите: Утре ќе врне
    • 20-годишник прегази пешак кај Мирковци
    • 35 годишник ќе одговара кривично – пред хотел натепал две деца
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Боки 13 почна со документарецот: Оваа ексклузивна фотографија од Филипче кај мене дома

    Боки 13 почна со документарецот: Оваа ексклузивна фотографија од Филипче кај мене дома

    16.10.2025 во 11:241 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Бојан Јовановски познат како Боки 13, го објави долгонајавуваниот документарен филм „Рекет“, во кој објави фотографија од лидерот на СДСМ, Венко Филипче во неговиот дом, за кого вели дека бил чест гостин.

    Јовановски го нарекува Филипче најпослушен министер на Зоран Заев кој бил поставен од Радмила Шеќеринска, но кога насетил моќ и пари се приклучил кон клонот на Заеви.

    „Тука е и неговиот наставник Филипче. Филипче беше во мојот дом, кој да не кажам секој ден, беше чест гостин. Ова се фотографии од кај мене. Најпослушниот министер на Зоран Заев кој беше поставен од Радмила Шеќеринска. Но, потоа Венко Филипче некако се дистанцираше од Шеќеринска и се приклони кон клонот Заеви, бидејќи таму насети моќ, пари а Венко е љубител на пари“, вели Боки 13 во филмот.

    Јовановски неколку месеци е веќе надвор од затвор поради здравствени проблеми, а деновиве беше осуден за „измама“ и „перење пари“ на пет години затвор.

    По објавувањето дека е осуден на пет години, Боки се огласи за медиумите и објасни дека станува збор за стар случај од 2022 година, кој беше поништен и вратен на повторно судење.

    Прочитај повеќе

    СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности

    19.09.2026 во 14:54

    11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола

    19.09.2026 во 14:53
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.