Close Menu
Press24
    Најново

    Ќе снема вода во 9 часот – Водовод најави исклучувања

    22.10.2026 во 08:22

    Се расправале за имот, па извадил пиштол и пукал во него – поранешен фудбалер обвинет за убиство на сопствениот брат

    22.10.2026 во 11:06

    Скопјанец преживеал хорор кај Градски Парк

    22.10.2026 во 08:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Сали – Боланд: Поддршка од ЕЕСК за членството во ЕУ и вклученоста на граѓанскиот сектор
    • Усвоен кварталниот извештај за извршување на Буџетот на општина Карпош за 2026 година
    • Трамп: Иран пред изборите за Конгресот ја зголемува цената на нафтата
    • Олеснета постапка за визи за Саудиска Арабија за македонските државјани
    • Историски успех за македонскиот хип-хоп: Нина Талеска е светски вицешампион
    • Ослободителна пресуда за Борче Ангелов и Илија Спасески за нападот врз Христијан Пендиков
    • Вучиќ: Не можам да ги соопштам имињата на 49-те помилувани лица, тоа е работа на надлежните органи
    • Азизи: Довербата во Обвинителството не треба да ја бараме, туку да ја заслужиме 
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Бојковска: Блокада на ИЗ од СДС, ДУИ и Левица доаѓа токму во моменти кога на Македонија и се дава шанса за напредок во ЕУ

    Бојковска: Блокада на ИЗ од СДС, ДУИ и Левица доаѓа токму во моменти кога на Македонија и се дава шанса за напредок во ЕУ

    14.07.2026 во 19:443 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Опозициските СДС, ДУИ и Левица свесно ја блокираат европската агенда на Македонија преку опструкциите на Изборниот законик, реагираше пратеничката и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Драгана Бојковска. Таа посочи дека ваквото однесување на опозицијата доаѓа во клучен момент кога државата добива сериозни признанија и шанса за напредок од страна на Европската Унија, со што директно се загрозуваат реформите наменети за граѓаните.
    Како што појаснува Бојковска, владејачкото мнозинство покажало максимална конструктивност за изнаоѓање заеднички јазик, но сите обиди за консензус пропаднале поради немањето капацитет и искрена волја кај опозициските партии. Таа потенцираше дека блокадата на овој важен законски проект директно ќе ја чини државата милиони евра кои требаше да бидат обезбедени како поддршка од европските фондови.
    За време на гостувањето во емисијата „За или против“ на Алфа телевизија, пратеничката детално го образложи текот на преговорите и го лоцираше проблемот кај политичките противници.
    „Блокадата на Изборниот законик, во суштина е блокада на самата европска агенда, на се она коешто значат подобри европски вредности за нашите граѓани. Тука не се работи само за добивање на средства, кога зборуваме за реформската агенда, туку тука зборуваме навистина во суштина за подобри решенија на нашите граѓани. Во концептот и тоа е всушност и реформската агенда, да ги приближи нашите граѓани до европските вредности, но еве повторно, за жал, од страна на опозицијата, не само од Социјалдемократскиот сојуз, туку и од Левица и од ДУИ е предмет на, за жал, политичка дискусија, да се сведе на дневно политички теми. Јас морам да кажам дека како Влада и како парламентарно мнозинство со коалицијата бевме навистина конструктивни и кажавме дека сеона што ќе побараат од опозицијата би прифатиле, со оглед на тоа што и неколку пати во рамките на парламентот беа направени работни средби, но еве рокот веќе до 15 јули истекува од страна на опозицијата немаме никаков одговор, всушност имаше и еден обид од страна на Левица да се направи средба од страна на опозициските партии, бидејќи во суштина проблемот не е во ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи ВМРО-ДПМНЕ кажа дека би прифатиле се она што би се договориле само за да се прифатат препораките на ОБСЕ и ОДИХР и гласањето на дијаспората по пат на пошта, но фактите се дека капацитетот на Левица да ги собере дури и опозициските партии на една обична средба за да договорат еден заеднички закон, еден заеднички консензус, да најдат токму опозициските партии, пропадна во вода, со што всушност покажаа дека немаат капацитет да обезбедат ни една обична средба кога се работи за еден ваков реформски закон, а не па би замислиле, кога би дошле на власт да спроведуваат реформи и да ги практициираат истите.“

    Прочитај повеќе

    Мицкоски: Очекувам наскоро да биде валоризиран напредокот во Реформската агенда и да почнеме преговори со ЕУ

    22.10.2026 во 19:05

    Стојаноски: Со вториот ребаланс на Буџетот социјалните трансфери се зголемуваат и достигнуваат 212 милијарди денари

    22.10.2026 во 18:37
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.