Блокиран сообраќајот Велес-Скопје: Се случи тешка сообраќајка
Поради сообраќајна несреќа во тунелот пред Катланово во прекин е сообраќајот на автопатот Велес-Скопје, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).
- Од ЈП за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта известуваат дека во моментот поради сообраќајна незгода во тунелот пред Катланово во прекин е сообраќајот на автопатот Велес-Скопје, стои во известувањето од ЦУК.
Прес24 побара детали од Министерството за внатрешни работи во врска со бројот на повредени и останати информации, но одговор до објавување на веста не добивме.
29.06.2023 - 17:01
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа