Бизарно или традиција - работи кои никако не смеете да ги правите пред кралицата Елизабета

 

Кралското семејство во последно време е честа главна тема во медиумите.

Кралицата Елизабета, строго се придржува до некои правила, кога станува збор за нејзиното владеење, па исто така и оние кои што се наоѓаат во нејзина близина мора да знаат и да ги почитуваат одредените правила.

Нема допирање

Ова правило потекнува од средниот век, кога монархите ги гледале како богови. Затоа, освен пријателско ракување, нема допирање на кралицата.

Не појавувајте се со празни раце

Родителите секогаш кога бевме мали нè учеа дека секогаш кога одиме некаде на гости мора да однесеме нешто. Но, што да ѝ однесете на жена кога што има сè  што ќе посака?

Доколку некој ја посетува кралицата мора да однесе и подарок кој што ќе биде добро спакуван.

Станување

Кога кралицата влегува во просторијата, сите присутни мора да стојат, додека нејзиното величество не се смести на столицата.

Поклонување

Иако на Анџелина Џоли ѝ беше простено што се ракуваше со кралицата, правилото е кога се запознавате со неа да ѝ се поклоните.

Не игнорирајте го стилот на облекување

Секако, тоа подразбира свечен фустан за дамите и смокинг за мажите, при запознавање со кралицата.

Зборувај само кралицата кога ќе ти се обрати

Иако ова навистина звучи средновековно, сепак тоа правило мора да се почитува.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.08.2020 - 17:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега