30 штеки цигари заплениле битолските апаши откако извршиле тешка кражба во маркет на улицата „Север-Југ“, но планот за брза заработка им пропаднал уште истиот ден.

Инцидентот се случил кога двајцата крадци насилно упаднале во локалниот дуќан и го испразниле рафтот со тутунски производи, по што експресно побегнале и се сокриле во стан кој заеднички го користеле.

При детален претрес во домот, полициските инспектори од СВР Битола го пронашле целиот украден товар и веднаш му го вратиле на оштетениот сопственик на маркетот.

За време на проверката на идентитетот на апашите, полицијата открила дека 35-годишниот Ѓ.З. всушност бил под потерница бидејќи претходно избегал од Казнено-поправната установа Затвор Прилеп.

Заедно со него, лишен од слобода е и 29-годишниот А.Ј., исто така жител на Битола.

Бегалецот веднаш е спроведен назад во прилепскиот затвор за доиздржување на преостанатата казна од осум месеци, додека за новата кражба на двајцата им следуваат соодветни пријави.

  • „На 24.07.2026 во Битола, полициски службеници од СВР Битола ги лишија од слобода Ѓ.З.(35) и А.Ј.(29), двајцата од Битола. Тие се сомничат дека истиот ден извршиле тешка кражба во маркет на ул.„Север-југ” во Битола, при што украле околу 30 штеки различни цигари. При претрес во домот, кој го користеле, било пронајдено украденото и било вратено на сопственикот. По дополнително преземени мерки било констатирано дека Ѓ.З. бил баран по потерница поради бегство од Казнено – поправната установа Затвор Прилеп, од каде понегнал и каде што издржувал затворска казна. Тој бил спроведен во установата за издржување на казна затвор од осум месеци. По документирање на настанот ќе следуваат соодветни поднесоци“, соопштија од полицијата.
Exit mobile version