Поранешниот министер за надворешни работи Бујар Османи нема никаков кредибилетно дефиниран легитимитет да дели лекции за тоа кои позиции се прифатени во евроинтегративниот процес, алармираат од Владата.Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, преку остар демант порача дека неговиот претходник добро ги знае сите детали од сопствените преговори и состојбата во која ја остави државата, па оттука манипулацијата со фактите и толкувањето на туѓите изјави претставува само обид за бегство од личната одговорност.

Како што посочува шефот на дипломатијата, изборните резултати и губењето на довербата од сопствените сограѓани требало да бидат причина за политичко повлекување, а не за продолжување со спинови во јавноста. Од Министерството додаваат дека за разлика од претходните дипломатски чекори, актуелната Влада веќе две години доследно ги штити македонските национални интереси пред сите меѓународни партнери.

Муцунски потсетува дека граѓаните имаат јасна меморија за сите одлуки што ја доведоа државата во оваа незавидна позиција.

Во своето реакциско обраќање, министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски директно го прозва Османи:

„Бујар Османи последен има право да држи лекции за тоа што е прифатено, а што не. Тој многу добро знае што преговараше, што прифаќаше и во каква позиција ја остави државата. Затоа, денес нека не троши енергија за да ги извртува фактите и да толкува туѓи изјави. Политичар кој не успеа да ја добие довербата ниту на своите најблиски сограѓани во Чаир, ниту на своите соседи, ниту на луѓето што најдобро го познаваат, навистина е последниот што треба да држи лекции за политички легитимитет.По таков пораз, многумина би покажале политичка одговорност и би се повлекле, наместо да продолжат да делат лекции.“

Exit mobile version