Close Menu
Press24
    Најново

    Новини за пензионерите: Алиу најави продолжување на работниот век за специјалистите и бесплатно лекување за најранливите

    22.04.2026 во 13:00

    Возачи внимавајте: Старата прва помош веќе не важи во регионот, задолжително набавете нов сет

    22.04.2026 во 09:46

    Затвореник од Прилеп дал 890.000 денари за намалување на казната, па сфатил дека е измамен

    22.04.2026 во 13:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • СДСМ: Мицкоски е срам за Македонија, во Виена пренесе пораки од Москва
    • Првиот заменик на претседателот на Владата оствари средба со инвеститори од Турција
    • Хоџа пред бизнис заедницата во Виена: Отворени сме за зелени инвестиции за да обезбедиме одржлива иднина
    • Енергетиката како стратешка алатка – Божиновска од Виена: Македонија се позиционира како регионален играч
    • Лефков: Техничката влада е дивоградба во правниот систем, власта мора да произлегува директно од волјата на граѓаните
    • Николоски: Австрија е наш силен поддржувач, соработката продолжува во насока на економскиот напредок
    • Министерот Хоџа во Виена ги презентираше еколошките приоритети пред австриската влада
    • Орце Ѓорѓиевски: Нека е аирлија булевар Борис Трајковски
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Битиќи: СДСМ бара законско намалување на акцизата за горивата, за заштита на стандардот на граѓаните

    Битиќи: СДСМ бара законско намалување на акцизата за горивата, за заштита на стандардот на граѓаните

    08.04.2026 во 12:424 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Пратеникот од СДСМ, Фатмир Битиќи, на денешната собраниска седница на која на дневен ред беше Предлогот на законот за дополнување на Законот за данокот на додадена вредност, поднесен од пратеничката група на СДСМ и коалицијата, а кој се однесува на намалување  на ацизатата на горивата и на ДДВ-то на нафтените деривати и горивата од 18% на 5%, посочи дека горивата имаат значаен удел во производствените трошоци и дека мора да се третираат на системски како клучен влезен трошок во економијата, а не само како извор на буџетски приходи. Битиќи потенцираше дека секој денар повеќе потрошен на литар не е само трошок за возилото, тоа е трошок за машините, доставата за суровината, извозот и на крајот за работното место.

    Во продолжение е интегралното обраќање на Битиќи:

    „Предлогот за изменување на законот за акцизите треба да се чита како прашање дали државата разбира што му се случува на производството, фабриките, работниците и на конкурентноста на економијата кога горивото останува поскапо. Секој денар повеќе потрошен на литар не е само трошок за возилото, тоа е трошок за машините, доставата за суровината, извозот и на крајот за работното место. Со овој предлог кој денес се предлага и е дел од трите закони, кои за две и пол недели чекаат да се стават на пленарна седница.

    Можеби некој предлагаше овие да доаѓаат многу покасно за Владата да преземе ретроактивни мерки. Тоа го кажува народот. Со овој предлог кај моторниот бензин бројот 25 се заменува со 21. За безоловен бензин 22 се заменува со 18 денари по литар. А кај дизелот и горивото за греење износот од 15,5 се намалува на 11,50 денари по литар. Со други зборови, предлогот создава законски амортизиран против ценовен шок кај енергенсите.

    Владата и самата објави дека ја намалува акцизата за дизелот за 4 денари по литар, а за безоловните бензини за 2 денари по литар, со образложение дека без таа мерка дизелот ќе биде околу 102 денари или и повеќе. Владата не спори дека акцизата е инструмент за заштита на стандардот, но нашата забелешка е дека нејзиниот пристап е реактивен, селективен и краткорочен. Додека овој предлог закон нуди поправична и предвидлива рамка.

    Прашањето е зошто акцизата е толку важна во овој момент? Затоа што ценовниот удар не паѓа врз силна и забрзана индустрија, туку врз индустрија што веќе слабее. Во јануари 2025 година индустриското производство растеше за 1,4%. Една година подоцна, во јануари 2026 година состојбата е значително потешка. Тоа е пониско за 6,6% а во февруари за 4,2% во однос на истиот период претходната година. Во јануари 2026 година преработувачката индустрија паѓа за 8%. Имаме структурен замор на реалната економија. Падот е и во прометот и во бројот на работниците. Прометот во индустријата во јануари 2026 година е намален за 9,4% во однос на јануари 2025 година. Бројот на работниците во индустријата веќе континуирано секој месец бележи негативен тренд. Ако минатата година имавме негативен тренд од 3,5% во јануари 2025 година и во септември 2025 минус 4,1% оваа година тој е -3,6% во јануари и -3,4% во февруари 2026 година.

    Кога денес зборуваме за акцизата, не зборуваме само за потрошувачката. Зборуваме за условите под кои работат компаниите и за нервозата на работникот, што знае дека секое ново поскапување на енергијата може да значи нова штедна мерка, нов застој ново кратење на приходите кои ги остварува од своето работно место. Во една ваква депресивна економска состојба акцизата мора да се гледа како анти-инфлаторен инструмент. Ако одредена компанија плаќа поскап дизел, тоа не го троши ова бесконечно. Тоа во даден момент го префрла во цената. Ако не може да се префрли на цената, тогаш го намалува профитот. Ако ниту тоа не е можно, почнува да кради инвестиции, смени, луѓе. Токму тука се гледа политичката тежина на овој закон. Тој ја штити произведствената способност на економијата, нејзиниот капацитет да создаде додадена вредност која на крајот ќе значи достоинствени плати за вработените.

    Почитувани пратеници, зад секој процент пад на индустриското производство стојат фабрички хали што работат поспоро, скратени смени, множество на наши сограѓани кои размислуваат дали месецот ќе има прекувремена работа, дали ќе има бонус, дали ќе има стабилност. Во такви услови државата нема право да биде крута и самозадоволна во фискалната политика. Мораме на системски начин горивото да го третираме како клучен влезен трошок во економијата, а не само како извор на буџетски приходи. Затоа се надевам дека пратениците од сите и од коалицијата, владината коалиција и опозицијата ќе го подржат еден ваков предлог“.

    Популарно

    Новини за пензионерите: Алиу најави продолжување на работниот век за специјалистите и бесплатно лекување за најранливите

    22.04.2026 во 13:00

    Возачи внимавајте: Старата прва помош веќе не важи во регионот, задолжително набавете нов сет

    22.04.2026 во 09:46
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.