Без струја три скопски општини

Од ЕВН Македонија АД информираат дека денеска без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од општините Карпош, Кисела Вода и Гази Баба.

Во периодот од 08.30 до 11.00 часот, без струја ќе бидат корисниците од ул. „Вич“ бр.24., во Општина Карпош.

Во периодот од 08.30 до 12.00 часот, без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од бул. „Борис Трајковски“ – крак 10 лоцирани во горниот дел спроти објектите на Соло Пром Кисела Вода и Модул Пласт, како и дел од корисниците од ул. „Христо Татарчев“ – крак 1 лоцирани спроти објектите на Модул Пласт и Талија Дирекција, во Општина Кисела Вода.

Во периодот од 09.00 до 12.30 часот, струја ќе немаат корисниците од ул. „Козле“ – подулици бр.3 и бр.5, во Општина Карпош.

Во Општина Гази Баба во периодот од 09.00 до 13.00 часот, без струја ќе останат дел од корисниците од ул. „Палмиро Тољати“ лоцирани во околината на бр.172 б. 

30.09.2022 - 09:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега