Close Menu
Press24
    Најново

    Наутро минус, попладне пролет – УХМР најавува раст на температурите

    02.03.2026 во 08:53

    Телефонски разговор Муцунски – Ал Мураихи: Целосна поддршка кон Катар

    02.03.2026 во 08:45

    Телефоните во Амбасадите ѕвонат – Повеќе од 150 македонски државјани побарале евакуација

    02.03.2026 во 08:39
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Наутро минус, попладне пролет – УХМР најавува раст на температурите
    • Телефонски разговор Муцунски – Ал Мураихи: Целосна поддршка кон Катар
    • Телефоните во Амбасадите ѕвонат – Повеќе од 150 македонски државјани побарале евакуација
    • Седницата на Советот за безбедност траеше повеќе од два часа – Нема причина за загриженост во моментов
    • Скопјанка преживеала хорор од поранешниот сопруг
    • Скопјанец дивеел во Шутка
    • Дал туѓа лична карта – Апсење на Табановце
    • Претседателката Сиљановска-Давкова: Нема опасност за безбедноста на Македонија
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Бети Стаменкоска-Трајкоска: Почнуваме со серија акции за пошумување

    Бети Стаменкоска-Трајкоска: Почнуваме со серија акции за пошумување

    06.11.2025 во 11:562 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска-Трајкоска, денес учествуваше во акција за пошумување, организирана од Општина Кисела Вода, во непосредна близина на Паркот на шахот, во населбата 11 Октомври – Бараки. Во рамките на активноста беа засадени дваесет нови дрвја, како почеток на серија акции за дополнително зазеленување и унапредување на животната средина во општината.

    Дрвјата се донација од Централна кооперативна банка, која со овој чин уште еднаш ја покажа својата општествена одговорност и поддршка за еколошките иницијативи на локалната самоуправа. Дел од вработените во банката денес беше заедно со градоначалничката на терен, придонесувајќи кон реализацијата на оваа значајна акција.

    -Со денешната активност ја потврдуваме нашата заложба за континуитет во создавањето поубава, позелена и почиста Кисела Вода. Пошумувањето и уредувањето на зелените површини ќе бидат еден од моите приоритети во управувањето со општината, бидејќи зеленилото значи подобар квалитет на воздухот, поубава околина и поздрав живот за нашите сограѓани. Благодарна сум на Централна кооперативна банка што го препозна значењето на оваа иницијатива и даде свој придонес кон позелената иднина на нашата општина. Ваквите партнерства се од големо значење.  Кога институциите, компаниите и граѓаните делат исти вредности, резултатите се видливи и трајни- изјави градоначалничката Стаменкоска-Трајкоска, додавајќи дека посветеноста на хигиената, уредноста и зачувувањето на јавните површини ќе оди рака под рака со нови проекти за пошумување, создавање мини паркови и ревитализација на постојните зелени зони.

    Популарно

    Масовна тепачка пред угостителски објект во Карпош: Приведени седум лица

    01.03.2026 во 13:35

    Петок е неработен ден за сите граѓани – доаѓа продолжен викенд

    27.02.2026 во 09:37

    Ужас во Делчево: 15-годишник обљубил малолетничка

    01.03.2026 во 13:33

    Деновиве вистинска пролет – Од четврток лош пресврт со времето

    02.03.2026 во 08:05

    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.