Close Menu
Press24
    Најново

    Неофицијално: Вечерва во Прилеп уапсен виш јавен обвинител

    06.10.2026 во 19:35

    ГАЛЕРИЈА: Голема заплена на Царината – Ги фатиле со 79 кила дрога

    06.10.2026 во 10:55

    Детали: Приведениот обвинител од Прилеп ургирал во 4 предмети и барал пониски казни – колегите го снимале цело време

    07.10.2026 во 10:52
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Привремен прекин на полетувањата на белградскиот аеродром: Воведена вонредна контрола на патниците
    • Сиљановска-Давкова ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Република Турција, Алпер Акташ: Потврдено стратешко партнерство и пријателство
    • (ФОТО+ВИДЕО) Серафимовски и Муја: Посилни институционални врски за поголема размена на земјоделски и прехранбени производи меѓу Северна Македонија и Косово
    • (ВИДЕО) Санкциониран возачот кој со „голф“ го попречуваше сообраќајот во центарот на Скопје
    • (ГАЛЕРИЈА) Митовски: Крива Паланка го добива новиот адреналински парк на Калин Камен
    • Стоилковиќ на отворањето на новиот Адреналински парк на Калин Камен: Значајна инвестиција за туризмот во Крива Паланка
    • Инцидент на Тетовскиот универзитет: Заканувачко писмо оставено во канцеларијата на деканот
    • „Внуката исчезна“ – загрижен дедо пријавил во СВР Битола
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Бесплатно wi-fi во цело Ѓорче Петров

    Бесплатно wi-fi во цело Ѓорче Петров

    10.10.2025 во 16:181 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Општина Ѓорче Петров започнува нова фаза во својата дигитална трансформација. Денес, пратеникот Бојан Стојаноски, заедно со министерот за дигитализација Стефан Андоновски и градоначалникот Александар Стојкоски, го најавија проектот за воспоставување бесплатни Wi-Fi зони на територијата на општината.

    Првата бесплатна Wi-Fi зона веќе е поставена во паркот во центарот на Ѓорче Петров, овозможувајќи им на граѓаните неограничен и бесплатен пристап до интернет.

    „Ова е само првиот чекор во процесот на дигитална трансформација на општината“, истакна Стојаноски, додавајќи дека проектот е дел од поширока стратегија за создавање модерна и поврзана општина, достапна за сите генерации.

    Покрај Wi-Fi зоните, започнува и имплементацијата на Географски Информациски Систем (ГИС) – современа дигитална платформа која ќе овозможи прецизно мапирање, анализа и визуелизација на просторните и инфраструктурните податоци во општината.

    Со воведувањето на ГИС системот, Ѓорче Петров ќе добие детална дигитална мапа на сите објекти, улици и инфраструктура, што ќе овозможи побрзи, потранспарентни и поефикасни услуги за граѓаните, како и поефективно планирање на урбанистички и комунални проекти.

    Општината со овие чекори прави значаен исчекор кон дигитализацијата и модернизацијата на јавните услуги – со цел да стане пример за современа, достапна и иновативна локална самоуправа.

    Прочитај повеќе

    Сиљановска-Давкова ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Република Турција, Алпер Акташ: Потврдено стратешко партнерство и пријателство

    07.10.2026 во 18:33

    (ФОТО+ВИДЕО) Серафимовски и Муја: Посилни институционални врски за поголема размена на земјоделски и прехранбени производи меѓу Северна Македонија и Косово

    07.10.2026 во 18:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.