Бескрајна колона луѓе на последното збогување со Денис Тот: Бројни познати спортисти во солзи (ФОТО)
Трагично загинатиот ракометар Денис Тот денеска е погребан во родното Ѓаково. Семејството, пријателите и бескрајната колона луѓе се простија од 28-годишниот ракометар кој почина минатиот петок како последица на тепањето, пишува хрватски Дневник.
Така на последното збогување се собраа голем број познати личности од светот на спортот. Од Ненад Бјелица, Миле Петковиќ, Иво Смоја до Мирослав Бојко и многу други.
Првата вест од Македонија беше дека Тот бил жртва на насилник, подоцна некој објави информација дека се работи за срцев удар, но набрзо на Твитер се појави видео на кое се гледа движењето на хрватскиот ракометар. Обвинителството сè уште истражува што доведе до насилна смрт во Македонија. Надзорните камери доведоа до напаѓачот, двајца се во истражен затвор, а за третиот е распишана потерница, пишуваат хрватските медиуми.
Се уште не е познат мотивот за нападот, тој не им пружил отпор, како што може да се види на снимката од камерата.
-Тој починал во болница во Скопје, каде што тврделе дека нема видливи траги на насилство. Од утрово КБЦ врши вонреден увид, проверувајќи ги околностите на лекувањето, пишува хрватски Дневник.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа