Close Menu
Press24
    Најново

    Зголемен број на милионери во Холандија: Скокот на недвижностите ја зголеми вредноста на имотите на домаќинствата

    27.10.2026 во 20:35

    Први снежни врнежи на планинските превои: Снег вее на Стража, возачите се повикуваат на внимателност

    27.10.2026 во 20:09

    Петир: Македонија не бара привилегии, туку фер третман, eвропската иднина не смее да биде заложник на билатерални спорови

    27.10.2026 во 19:47
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Зголемен број на милионери во Холандија: Скокот на недвижностите ја зголеми вредноста на имотите на домаќинствата
    • Први снежни врнежи на планинските превои: Снег вее на Стража, возачите се повикуваат на внимателност
    • Петир: Македонија не бара привилегии, туку фер третман, eвропската иднина не смее да биде заложник на билатерални спорови
    • Глобална дипломатска иницијатива: Русија и Кина подготвени да го поддржат Виктор Орбан за шеф на ОН
    • Загреб: Баба (88) фрлала тегли кон полицаец и гризнала полицајка
    • Милошоски: Филипче би разговарал за се, само не за состојбите во СДС која пропаѓа 
    • Николова: Со вториот ребаланс власта ги крати парите за реконструкција на училишта, студентски и ученички домови 
    • Лавров: Русија не гледа суштинска промена во ставот на европските земји кон конфликтот во Украина
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » „БЕКУТАН“ детски крем: Успешната македонска приказна со регионална доверба иглобална визија отсега достапна и во „ЛИДЛ“, Франција

    „БЕКУТАН“ детски крем: Успешната македонска приказна со регионална доверба иглобална визија отсега достапна и во „ЛИДЛ“, Франција

    23.01.2026 во 11:362 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    „Бекутан“, еден од најпрепознатливите брендови за бебешка нега во регионот, за првпат официјално влегува на францускиот пазар преку малопродажната мрежа на „Лидл“ Франција, каде што детскиот крем „Бекутан“ во пакување од 100 ml ќе биде достапен во речиси 2.000 продажни објекти низ цела Франција.

    Препознатливата сина боја и мирисот што враќа во детството со децении ја градат приказната на „Бекутан“, бренд кој со пласманот на францускиот пазар отвори ново поглавје во својот интернационален развој.



    Тимот на „Лидл“ од Франција го препозна детскиот крем „Бекутан“ како производ со значителен пазарен потенцијал во сегментот на детската козметика. Како клучни фактори при оваа проценка беа издвоени квалитетот на формулацијата, долгата традиција и стабилната лидерска позиција на брендот на регионалните пазари, на кои токму овој производ е позициониран како еден од водечките производи во својата категорија. Соработката со „Лидл“ Франција претставува значајна потврда за глобалната стратешка ориентација на компанијата и за нејзината континуирана посветеност на градењето силно и одржливо присуство на меѓународните пазари.

    Освен на пазарите во регионот, брендот „Бекутан“ е присутен и на дваесетина други меѓународни пазари, вклучувајќи ги и пазарите на Соединетите Американски Држави, Германија, Швајцарија, Норвешка, Шведска, на Велика Британија, Полска, Малезија, Саудиска Арабија и на Обединетите Арапски Емирати.

    „Бекутан“ е еден од најпрепознатливите македонски брендови во регионот и пошироко. Од само пет фармацевтски формулации за хигиена и нега на детската кожа лансирани во 1978 година, брендот денес располага со портфолио од над 60 основни типови производи и со повеќе од 100 различни форми на пакувања, сите клинички и дерматолошки тестирани и развиени во соработка со педијатри, неонатолози и дерматолози.

    Прочитај повеќе

    Први снежни врнежи на планинските превои: Снег вее на Стража, возачите се повикуваат на внимателност

    27.10.2026 во 20:09

    Петир: Македонија не бара привилегии, туку фер третман, eвропската иднина не смее да биде заложник на билатерални спорови

    27.10.2026 во 19:47
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.