Општина Карпош денеска и официјално ѝ го предава на користење на Пливачката федерација на Македонија училишниот базен „Партизан“, кој се наоѓа кај спортската сала „Наум Наумовски-Борче“ во населбата Карпош 4.
Од Општина Карпош посочуваат дека со ставањето во функција на новиот објект се добива значаен спортски капацитет, што ќе овозможи нови можности за развој на пливањето, работа со млади категории и унапредување на спортот.
„Со ставањето во функција на новиот базен, Карпош добива значаен спортски капацитет и создава нови можности за развој на пливањето, работа со млади категории и унапредување на спортот“, соопшти Општина Карпош.
На свеченото примопредавање на базенот ќе присуствува и министерот за спорт, Борко Ристевски. Заедно со градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, и претседателот на Националната пливачка федерација, Сашо Лазаревски, тие ќе ги презентираат идните планови за функционирање и стопанисување со базенот.

