Aвтомобил излета од автопатот Куманово – Скопје, тешко повредена скопјанка


Вчера во 06.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот Куманово – Скопје, во близина на клучката „Хиподром“, патничко возило „рено“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Т.Н.(59) од село Ајватовци, скопско, излетало надвор од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Т.Н., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ во Скопје.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

19.09.2024 - 12:12

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега