Во просториите на Стопанската комора на Северна Македонија денеска ќе се одржи Македонско-австриски бизнис-форум, во организација на Комората и Трговското одделение при Австриската амбасада во Скопје – Advantage Austria.
Форумот ќе овозможи продлабочување на економската соработка меѓу двете земји и директно поврзување на австриски компании со претставници на македонските институции, ресорните министерства и домашниот бизнис-сектор.
Во фокусот на настанот ќе бидат актуелните и планираните капитални инвестиции, преминот кон обновливи извори на енергија, унапредувањето и модернизацијата на сообраќајната инфраструктура, како и можностите за примена на современи технолошки решенија.
Од Стопанската комора посочуваат дека форумот претставува можност за отворање нови деловни контакти и за разгледување на потенцијални инвестиции и партнерства меѓу компании од Северна Македонија и Австрија.

