- Трамп: Не сакам да убијам многу луѓе во Иран по меѓуизборите во САД
- Хоџа – Палминтери: Продлабочување на партнерството со Италија во областа на животната средина
- Малолетник со родител повикан во полициска станица, тепал 18-годишник
- Ѓорѓиевски: Ќе градиме две нови училишта во Ѓорче Петров и Драчево
- Жерновски: Алта банка е дел од бизнис шемата на Мицкоски и Вучиќ, a граѓаните ги плаќаат последиците
- Метеоролошки биланс за октомври: Постудено и суво време со значителен дефицит на врнежи
- Сиљановска-Давкова: ЕУ да покаже политичка волја и да понуди решенија за деблокада на евроинтеграциите
- Вучиќ предупредува: Студентската листа сака да ги укине традиционалните вредности на Србија
Author: Author 04
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство Делчево поднесе кривична пријава против В.М., поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оддавање службена тајна“ по член 360 од Кривичниот законик. Пријавената В.М., вработена како полицаец – приправник во Одделение за полиција при Секторот за внатрешни работи Штип, на 10.07.2025 остварила телефонска комуникација со едно лице на телефонскиот број кој го користи нејзиниот брат и му соопштила дека ќе бидат преземени службени полициски дејствија за извидување со дрон, кои претставуваат службена тајна и биле предвидени и преземени по оперативна…
Македонскиот енергетски пазар влегува во нова, модерна фаза на развој. Со потпишувањето на договорот меѓу националниот оператор МЕМО и словенечката енергетска берза БСП, официјално започна имплементацијата на пазарот во тековниот ден (Intraday Market). Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, истакна дека ова е клучен чекор кон европско усогласување на нашиот енергетски систем. Според неа, овој пазар ќе овозможи поголема стабилност и подобро управување со енергијата во реално време. „Македонија не чека. Македонија се интегрира. Преку вакви конкретни проекти ја градиме енергетската иднина на државата со јасна визија и одговорност“, порача министерката Божиновска.
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски денеска оствари средба со британскиот амбасадор во Македонија, Н.Е. Метју Лосон. Денес, остварив работна средба со британскиот амбасадор во Република Македонија, Н.Е. Метју Лосон, како и со делегација од Обединетото Кралство, во состав на Клер Сирс, директорка на Британскиот совет за Западен Балкан, Доминик Роудс, раководител за политика во Амбасадата, како и Милан Лучиќ, раководител на Секторот за уметност при Регионалната канцеларија на Британскиот совет, посочи Ѓорѓиевски. Во рамките на средбата Ѓорѓиевски го запозна амбасадорот Лосон со програмата и плановите за развој на Скопје, кои се темелат на јасна визија, конкретна стратегија и долгорочни,…
Единиците на Српската армија ќе изведуваат пешадиско гаѓање на полигонот „Шуматавац“ во Алексинац во текот на февруари 2026 година. Стрелицата е претежно сместена во катастарската општина Алексинац надвор од градот, а помал дел во катастарската општина Вакуп, па затоа движењето, задржувањето и престојот на луѓе, добиток, моторни возила и екипи за сточарство во ограничената област е забрането во текот на наведениот период. „Не одете подалеку – пукаат во вас“Пешадиското гаѓање ќе се одржи во Алексинац во текот на февруари Стрелицата каде што ќе пукаат војниците на Српската армија ќе биде обележана со црвени знамиња и знаци со натпис: „Не одете подалеку…
Дигитализацијата на енергетскиот сектор ќе стави крај на дилемите кај граѓаните дали сметките за струја се реални или паушални. Апостолчо Рамов, раководител во РКЕ, најави дека следниот голем чекор е воведување на паметни броила (smart meters) кои ќе можат да се следат преку мобилен телефон во реално време. „Дигитализацијата ќе ја зголеми довербата – ќе нема повеќе дилеми дали е сметката реална или претпоставена. Целта е секој граѓанин сам, онлајн да следи како му се движи потрошувачката“, истакна Рамов. Покрај оваа новина, РКЕ воведува и задолжително тестирање на отпорноста на компаниите на хакерски напади. Енергетските оператори во иднина ќе мораат…
Вчера во 11:25 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го приведоа З.Д.(45) од Велес. Тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Основен суд Велес за издржување казна затвор во траење од десет месеци за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“ по член 418-б од Кривичниот законик. Лицето е спроведено во Казнено – поправна установа Затвор Идризово за издржување на казната. Исто така вчера во 12:00 часот во Неготино, полициски службеници од ОВР Неготино го приведоа Џ.Н.(33) од Велес. Тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Основен суд Велес за издржување казна…
Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) во соработка со Министерството за дигитална трансформација воведе четири нови електронски услуги достапни преку порталот uslugi.gov.mk. На денешната прес-конференција, министерот Стефан Андоновски и директорот на ФЗО, Сашо Клековски, појаснија дека целта е целосна елиминација на административниот товар за граѓаните и фирмите. За граѓаните (физички лица) веќе се достапни следните е-услуги: За правните лица, пак, за првпат е овозможено електронско издавање на потврда за платен придонес за здравствено осигурување, која е достапна дигитално во секое време. Дополнително, ФЗО сега е технички поврзан со Централниот регистар на население, што овозможува автоматско преземање на податоците без граѓаните да…
По речиси два месеци блокади, во текот на денешниот ден се очекува грчките земјоделци конечно да ги повлечат своите трактори од граничниот премин Евзони. Одлуката за прекин на протестите доаѓа по средбата со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, каде земјоделците ги разгледаа понудените решенија и донесоа одлука за постепено повлекување од патиштата. Се очекува до утре сите сообраќајници да бидат целосно проодни, а тракторите да бидат тргнати од улиците. Со ова се става крај на прекините во сообраќајот кои траеја од 1 декември, кога земјоделците од северна Грција го блокираа влезот и излезот од земјата. „Денеска земјоделците ќе се повлечат од…
Вчера во 20:30 часот во Штип, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Штип го лишија од слобода А.И.(25) од Штип. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена ќеса со марихуана. Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Возачите во Шпанија плаќаат казна од 200 евра за возење во зимска јакна бидејќи дебелата облека може да го ограничи движењето и да предизвика неправилно врзување на безбедносниот појас Во Шпанија, возачите кои возат во зимска јакна или палто може да бидат казнети со 200 евра ако бидат запрени од полицијата. Оваа регулатива е воведена бидејќи дебелата зимска облека може да го ограничи движењето при возење и да ја намали контролата врз воланот. Истото правило важи и за возење со шал или ракавици, ако тие се мешаат во безбедното возење. Ризик од повредаТестовите спроведени од Германскиот автомобилски клуб (ADAC) покажаа…
