Author: Author 04

Град Скопје започнува сериозен, хуман и системски пристап за решавање на проблемот со бездомните кучиња преку значително проширување на капацитетите на ЈП „Лајка“. По преземањето на функцијата градоначалник на Скопје, беше ставен крај на досегашната практика ЈП „Лајка“ да се користи за партиски вработувања, а фокусот е насочен кон вистинско и одговорно справување со проблемот кој со години се игнорираше. Во програмата на градоначалникот е предвиден значаен фокус на ова прашање, при што се обезбедени 30 милиони денари за сериозно проширување на капацитетите на ЈП „Лајка“ и создавање современи и хумани услови за згрижување на бездомните кучиња. Станува збор за…

Повеќе

На покана на министерката за одбрана на Кралството Шпанија, Маргарита Роблес Фернандес, министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска присуствуваше на отворањето на 3. глобален меѓународен самит за вештачка интелигенција во областа на одбраната – REAIM, кој денес и утре се одржува во А Коруња, Шпанија. Целта на овој Самит на кој учествуваат министри, државни претставници од речиси сите земји членки на ООН, претставници на меѓународни организации, академици, и други високи гости е зајакнување на глобалната свест за одговорен развој на вештачката интелигенција во воен контекст, притоа почитувајќи ги човековите права и меѓународното право. Во рамки на Самитот, министерот Мисајловски оствари…

Повеќе

Од 14:30 часот попладнево, сообраќајот на магистралниот пат А3 Битола – Ресен е во целосен прекин. Причината за прекинот е јавен собир на граѓани кој се одржува над битолската населба Баир. Како што информираат од АМСМ, поради блокадата, сите возила се пренасочуваат низ градот Битола, што веќе создава дополнителен метеж по градските сообраќајници. Полициски екипи се на терен и го регулираат движењето на возилата додека трае протестот.

Повеќе

Премиерот Христијан Мицкоски денеска оствари средба со амбасадорката на Народна Република Кина, Џијанг Сјаојан, на која беа потврдени одличните билатерални односи меѓу двете земји. Главниот фокус на разговорите бил ставен врз потенцијалот за нови заеднички проекти кои треба да го забрзаат економскиот напредок. „Односите меѓу нашите две земји се темелат на взаемна почит и соработка. Верувам дека постои значителен потенцијал за натамошно унапредување на соработката преку конкретни иницијативи кои ќе придонесат за подобра благосостојба на граѓаните“, истакна Мицкоски по средбата. Премиерот нагласи дека во наредниот период се очекува интензивирање на контактите во областите на инфраструктурата и економијата, како клучни столбови…

Повеќе

Денеска во Абу Даби започна вториот круг од мировните преговори меѓу Украина и Русија, со посредство на Соединетите Американски Држави. Трилатералните средби, во кои учествуваат тимови од Киев, Москва и Вашингтон, имаат за цел да најдат излез од четиригодишниот крвав конфликт. Главниот украински преговарач, Рустем Умеров, потврди дека процесот е започнат и дека тимовите ќе работат во одвоени групи на специфични теми пред финалното усогласување на ставовите. Овие средби се дел од засилената дипломатска офанзива на администрацијата на Доналд Трамп, која го притиска двете страни да најдат компромис за завршување на војната која започна во февруари 2022 година.

Повеќе

Катастрофално невреме денеска го парализираше Иберискиот Полуостров. Бурата „Леонардо“ најсилно удри врз Андалузија, каде повеќе од 3.500 луѓе беа принудени да ги напуштат своите домови. Училиштата се затворени, автобуските и железничките линии се во прекин, а регионот се соочува со вистински потоп. Најкритична е состојбата во Кадиз и Гразалема, каде веќе има повредени лица при уривање на куќи. Реките се излеваат од своите корита, а во Гранада е урнат дел од мост, со што десетици домаќинства останаа целосно отсечени од светот. Министерката за одбрана, Маргарита Роблес, соопшти дека армијата и специјалните воени единици за итни случаи (UME) се веќе на…

Повеќе

Патниот правец Прилеп-Градско кај превојот Плетвар од 14:00 часот е повторно прооден за сообраќај, откако заврши двочасовниот протест на граѓаните од ромска националност од Прилеп. Демонстрантите, кои со возила и гуми го блокираа патот, бараат итно укинување на новите законски одредби со кои полицијата привремено ги одзема возилата доколку возачот не поседува возачка дозвола. „Бараме да се укине законот и да биде како што беше досега. Нека се казнува парично за возење без дозвола, но со одземање на возилата ни се нанесува голема неправда на сите граѓани“, изјави Ерсад Решидоски, учесник во протестот. Иако патот е сега слободен, граѓаните најавија…

Повеќе

Вчера во 22:33 часот во СВР Скопје 49-годишен маж од Скопје пријави дека на подрачјето на Бит Пазар, настанал пожар пред влезната врата од неговиот стан. Повредени лица нема, а пожарот е изгаснат од пријавителот и неговиот сосед. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Повеќе

Вчера околу 20:50 часот во СВР Скопје, 31-годишна жена пријави дека во домот на нејзиниот партнер Љ.З., на подрачјето на Кисела Вода, тој и го одзел мобилниот телефон, физички ја нападнал и со употреба на остар предмет и упатил закани, а подоцна во дворот со тврд предмет и го оштетил возилото. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Повеќе