Author: Author 03

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека извршило кривично дело – Убиство според член 123 став 2 точка 1 од Кривичниот законик. На точно неутврден датум во периодот од 27.01 до 12.02.2026 година, осомничениот 25-годишник во селото Челопек, општина Старо Нагоричане, со умисла на свиреп и подмолен начин ја лишил од живот жртвата, жена родена во 1947 година. Ја искористил околноста дека оштетената живеела сама, била стара и немоќна. Кога влегол во нејзината куќа, таа спиела на креветот, па осомничениот физички ја нападнал, задавајќи и…

Повеќе

Вредноста на синдикалната минимална кошница за месец февруари 2026 година изнесува 67 382,00 денари, споредена со вредноста на синдикалната минимална кошница за месец јануари 2025 год. која изнесува 66 413,00 денари е зголемена за 969,00 денари. Со изнајмен стан од 60 квадрати за месец февруари изнесува 82 757,00 денари.

Повеќе

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска во кругот на Министерството за внатрешни работи присуствуваше на церемонија на примопредавање на донација од Сојузна Република Германија, на која присуствуваше и амбасадорот на Германија во Република Северна Македонија, Н.Е. Петра Дрекслер, како и претставници од Канцеларијата за врски на Сојузната полиција на СР Германија. Донацијата, во вкупна вредност од околу 600.000 евра реализирана во претходниот период, опфаќа моторни возила, термовизиски камери, компјутерска опрема и софтвери, специјализирани уреди за проверка на документи, како и специјални возила за воздухопловната единица. Оваа опрема е наменета за унапредување на капацитетите на Министерството во делот на граничното…

Повеќе

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ф.С.(36) од струшкото село Велешта поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“. Пријавениот, неовластено набавил марихуана, ја препакувал и ја продал на едно лице од Охрид, која му била пронајдена при преглед во неговото патничко возило.

Повеќе

На 19.02.2026 во 13:15 часот на магистрален пат Кичево – Гостивар, полициски службеници од  ОВР Кичево  го лишија од слобода Ф.З.(27) од селото Длапкин Дол, кичевско. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „ауди“ со кичевски регистарски ознаки, кое го управувал Ф.З. и по преземени мерки било констатирано дека го управувал возилото, без претходно положен возачки испит. Возилото е одземено и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Повеќе

На 19.02.2026 во 14:50 часот во ОВР Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево ги привеле Р.М.(26) и Е.М.(19) затоа што пред спортски објект во кичевската населба „Иванидол“ физички ги нападнале Р.Н.(24), Ј.Н.(22) и Б.М.(21), сите од Кичево, која прераснала во физичка пресметка, при што Е.М. со метален предмет го удрил Б.М.. По целосно документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Повеќе

Утрово пристигнала дојава за бомба во гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово, продолжувајќи ја серијата на последователни закани кои се регистрирани во оваа институција овој период, информира „ТетоваСот“. Според првичните информации, веднаш по пристигнувањето на известувањето се преземени стандардните безбедносни процедури, а учениците и персоналот привремено се евакуирани од објектот. Од надлежните институции се очекува да потврдат дали се работи за лажен аларм, како во претходните случаи, додека истрагите за идентификација на авторите на овие закани продолжуваат.

Повеќе

Американскиот претседател Доналд Трамп донесе одлука за продолжување на санкциите против Русија за уште една година. Како што се наведува во официјалната порака објавена во Федералниот регистар на САД, продолжувањето на рестриктивните мерки е поврзано со војната во Украина и официјално стапува на сила на 6 март. Одлуката е донесена во согласност со Законот за национални вонредни состојби, со што се продолжува важноста на вонредната состојба првично прогласена со Извршната наредба 13660. Овој правен механизам овозможува натамошна примена на санкциите кои беа воведувани етапно во 2014, 2018 и 2022 година преку наредби на претходните американски претседатели. Според американското законодавство, прописите…

Повеќе

Силна зимска бура предизвика вистински хаос ширум Австрија, блокирајќи го авиосообраќајот и предизвикувајќи драматични сообраќајни несреќи. Поради обилниот снег и силниот ветер, аеродромот во Виена беше принуден привремено да ги прекине сите операции, што резултираше со откажување на десетици летови и стотици заглавени патници. Најкритично беше во покраината Тирол, каде во долината Лехтал лавина затрупа автобус со 11 патници. Инцидентот се случил рано наутро во општината Бах, а според информациите од локалната полиција, за среќа нема повредени лица. Патот веднаш бил затворен за сообраќај додека екипите работеле на расчистување на теренот. Паралелно, тешка сообраќајна несреќа е забележана во Зелден, каде…

Повеќе