Author: Author 03

На 19.09.2025 во 12:45 часот во ОВР Прилеп е пријавено дека на ул.„Цар Самоил“ во Прилеп патничко возило „мерцедес” со прилепски регистарски ознаки со прикачена приколка, управувано од  Г.Б. од Прилеп, удрило во пешакот Л.Ц. од Прилеп.  По несреќата пешакот со возило на Итна медицинска помош Прилеп е пренесен во Градска болница Прилеп, каде од страна на доктор констатирани му биле тешки телесни повреди. Увидот го извршила увидната екипа на ОВР Прилеп.

Повеќе

На 19.09.2025 во 10:15 часот во Полициската станица Гостивар е пријавено дека на ул.„Беличица“ во Гостивар се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „фиат“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од С.С.(27) од Гостивар и мопед со гостиварски регистарски ознаки, управуван од Д.В.(18) од с.Врапчиште, Гостиварско.  Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Општата болница Гостивар. Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Гостивар.

Повеќе

На 19.09.2025 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Д.М.(23) од Крива Паланка и О.Б.(25) од с.Трубарево, Скопско, затоа што кај нив се пронајдени и одземени марихуана и нож. По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.

Повеќе

Ќе се преземе се што е потребно за санирање на еколошките штети по пожарот во Трубарево, рече денеска првиот вицепремиер и министер за животна средина Изет Меџити. Како што изјави Меџити, се чека да се создадат услови за да се делува. Ќе се направат сите неопходни анализи на водата и почвата врз основа на кои ќе се преземат и соодветни мерки. -Владата институционално делуваше и за кратко време успеа да се справи со огнот, со катастрофата. Луѓето кои беа блиску беа евакуирани, пожарникарите делуваа херојски и за еден ден се затвори овој проблем. Нормално, каде што има оган од такви…

Повеќе

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на денешниот работен состанок во Струга со кандидатите за градоначалници и советници од СДСМ за претстојните локални избори, порача дека СДСМ има јасна и искрена понуда за граѓаните – квалитетни кандидати кои доаѓаат со силна поддршка и доверба од теренот. Во обраќањето Филипче посочи дека СДСМ е единствана партија која со сите политики и одлуки секогаш пред очи го има граѓанинот, за разлика од ВМРО ДПМНЕ кои се што ветија, излажаа и не исполнија. „Лажеа за Европа, лажеа за сите добри политики. Што збореа за Европа, ќе има подобри преговарачки позиции,…

Повеќе

Изборната комисија на Град Скопје за МИА информира дека досега се поднесени вкупно 17 кандидатури за градоначалник, од кои осум се потврдени, осум непотврдени, а една е одбиена поради ненавремено поднесување. Во однос на изборот за Совет на Градот, поднесени се вкупно 20 листи, од кои пет се потврдени, 14 се непотврдени, а една е одбиена поради ненавремено поднесување. Изборната комисија на Град Скопје достави известувања за отстранување на неправилности и недостатоци до сите политички партии, коалиции и групи избирачи. Како што се врши надминување на забелешките, непотврдените листи преминуваат во статус на потврдени. Дополнително, судовите имаат доставено податоци за…

Повеќе

Владината коалиција е едногласно на став дека нема потреба од предвремни избори, рече денеска првиот вицепремиер и министер за животна средина, Изет Меџити. Како што истакна Меџити, ДУИ нема морално право да критикува и особено да зборува за евроинтеграцискиот процес, зашто кога беше на власт имаше шанса, но не направи ништо во тој правец. -Имаме пред нас скоро три години од мандатот со утврдена програма, проекти и ветувања пред граѓаните. Интензивно работиме на нивна реализација. Владината коалиција едногласно е на став дека нема потреба од предвремни избори зашто тие се непотребни трошоци за граѓаните. ДУИ имаше шанси последните осум години…

Повеќе

Дванаесетгодишно девојче три месеци било физички напаѓано и психичко малтретирано, а тоа било снимено со мобилен телефон. Како што се наведува во МВР-билтенот, случајот вчера во СВР Штип го пријавила С.Д.(25), сестра на девојчето. Според пријавата, девојчето било малтретирано од 13-годишна малолетничка. – Во полициска станица во присуство на нивните родители бил извршен службен разговор со малолетничката која ја напаѓала сестрата на пријавителката и со уште еден малолетник и по целосно расчистување на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, најавува МВР.

Повеќе

олем пожар избувна попладнево на отворен простор над скопското село Батинци. Според директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Стојанче Ангелов, огнот зафати ниска трева, грмушки и мешана шума, а поради силниот ветер пожарот брзо се шири. На терен се екипи на Бригадата за противпожарната на Скопје (БППЗ), а во гаснењето ќе се приклучат и два пинцгауери на Дирекцијата за заштита и спасување, хеликоптер на МВР, како и два ер трактори на ДЗС кои ќе полетаат нешто подоцна. На лице место е и директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Мухамед Али. Според првичните информации се работи за…

Повеќе

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, преку инспиративно обраќање ја даде својата поддршка за кандидатот за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, потенцирајќи дека на главниот град му е потребен лидер со карактер, визија и резултати, а не само политичка титула. Мицкоски остро се осврна на моменталната состојба во градот, велејќи дека Скопје денес е „заглавено во дневната политика, нефункционалноста и хаосот“, каде што јавниот превоз е во колапс, институциите не функционираат, а граѓаните се оставени сами на себе. „Скопје мора да се поврзува, да се градат мостови, клучки и сообраќајници. Но исто така мораме да го вратиме и Скопје од нашите…

Повеќе