Author: Author 03

Друштвото на филмските работници на Македонија (ДФРМ) годинава востанови ново фестивалско признание, награда Златен медал „Браќа Манаки“, а прв со новото одличје на ИФФК „Браќа Манаки“ се закити, филмскиот критичар Благоја Куновски Доре. Одлуката на ДФРМ токму Благоја Куновски Доре да го добие златниот медал за особен и долгогодишен придонес кон ИФФК „Браќа Манаки“ се темели на факти, а факт е дека Куновски Доре 46 години не пропуштил ниту едно издание на фестивалот, вршејќи разни фестивалски функции. -Со Благоја Куновски Доре се боревме да го промовираме македонскиот филм и да го донесеме најдоброто од светот кај нас. Неуморно твореше, работеше…

Повеќе

Тринаесеттиот Интернационален литературен фестивал „ПРО-ЗА Балкан“ вечер ќе биде отворен во Даут-пашиниот амам во Скопје. Српскиот писател и поет Небојша Лапчевиќ, бугарската писателка Елена Алексиева, една од најпознатите словенечки писателки за млади читатели Јана Бауер и домашни претставнички – поетесата, романсиерка и преведувачка од романски и словенечки на македонски јазик Лидија Димковска и Хана Корнети, писателка на проза и долгогодишна уредничка на академски и комерцијални текстови, предводени од лауреатот на наградата „Прозарт“ за 2025, најпреведуваниот словенечки писател и драматург Евалд Флисар се гости на фестивалот, што ќе трае до 23 септември. На првата фестивалска вечер, Флисар ќе биде во друштво…

Повеќе

Православните христијани во земјава денеска го слават Рождество на Пресвета Богородица, празник познат и како Мала Богородица. Во сите храмови на Македонската православна црква изутринава се служат празнични литургии. Во навечерието на празникот, синоќа во храмот „Рождество на Пресвета Богородица“ во центарот на Скопје беше отслужена Празнична вечерна богослужба со учество на поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан, а потоа околу централното градско подрачје беше одржана Литија со иконата на Пресвета Богородица – Троеручица, која минатата година беше донесена од светогоорскиот манастир Хиландар. Рождество на Пресвета Богородица е првиот голем празник во новата литургиска година и богослужбениот циклус на Светата православна…

Повеќе

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) информира дека утрово ќе биде ведро и посвежо, а преку денот сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 15 степени Целзиусови, а максималната ќе достигне од 26 до 32 степена. Во Скопје, сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 32 степена. Според прогнозата на УХМР, до средината на следната седмица ќе се задржи сончево и топло време. Од среда се очекува зголемување на облачноста…

Повеќе

Голем пожар избувна попладнево на отворен простор над скопското село Батинци. Според директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Стојанче Ангелов, огнот зафати ниска трева, грмушки и мешана шума, а поради силниот ветер пожарот брзо се шири. На терен се екипи на Бригадата за противпожарната на Скопје (БППЗ), а во гаснењето ќе се приклучат и два пинцгауери на Дирекцијата за заштита и спасување, хеликоптер на МВР, како и два ер трактори на ДЗС кои ќе полетаат нешто подоцна. На лице место е и директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Мухамед Али. Според првичните информации се работи за…

Повеќе

Ангелов, утрово во Кочани на Трет меѓународен противпожарен настан на ДПД од Словенија, Хрватска, Србија, Бугарија и Македонија Директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов, истовремено и раководител на Главниот штаб за управување со кризи денеска утрово во Кочани присуствуваше на свечен јубилеј на Доброволното противпожарно друштво (ДПД) „Кочани“, при што го проследи Третиот меѓународен пријателски натпревар – противпожарни игри, меѓу Словенија, Хрватска, Србија, Бугарија и домаќинот Македонија. Ангелов со пригоден говор ги поздрави присутните и ја истакна значајноста на доброволното пожарникарство во нашата земја, а и регионалната и друга соработка при размената на искуства, а и меѓусебно помагање кога има опасни…

Повеќе

Просечните концентрации на PM10 честичките во Трубарево се во рамки на дозволените граници, соопшти Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП). Како што информира МЖСПП, резултатите од мерењата спроведени вчера и денеска покажуваат дека просечната концентрација на честичките е 9.7 µg/m³, а максималната измерена вредност изнесува 28.2 µg/m³. Вредноста во моментот на завршување на мерењето била 20.1 µg/m³. -Според добиените податоци, просечните концентрации на PM10 честичките во наведениот период се во рамки на дозволените граници и не ја надминуваат 24-часовната гранична вредност пропишана за заштита на човековото здравје. Овие вредности се во согласност со Уредбата за гранични вредности и видови…

Повеќе

На 19.09.2025 околу 20:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека во с.Идризово, Скопско, настанал пожар на патничко возило „цитроен пикасо“ во движење, а лицето што претходно го управувало, заминало од местото на настанот. Повредени лица нема. Пожарот бил изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Повеќе

На 19.09.2025 во 16:50 часот во ОВР Ресен е пријавено дека на ул.„29-ти Ноември” во Ресен, Б.Ш. од Ресен додека управувал електричен тротинет изгубил контрола и паднал на коловозот, по што се здобил со тешки телесни повреди, констатирани од доктор во Клиничка болница Битола.  Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Ресен.

Повеќе