- Како првиот ретрограден Меркур во 2026 ќе влијае на вашиот хороскопски знак?
- Сијарто: Ќе се спротивставиме на украинската уцена до крај
- Пронајдени шест мигранти во возило на автопатот Скопје – Куманово
- Жена од Индонезија уапсена во Скопје
- Се обидел да си ги убие децата, па нападнал полицајци – МВР откри детали за ужас во Битола
- Тренчевска: Куќниот притвор е уште една потврда дека има дил
- Грција ја зголемува минималната плата
- 30 камиони заглавени на Ќафасан: Блокада во Албанија ја парализираше границата со Македонија
Author: Author 03
Земјотрес со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала е регистриран вечерва во подрачјето на Елбасан, Албанија, кој е почувствуван и во Дебар, Струга и Охрид. Според извештаите, потресот е регистриран во 20:06 часот на длабочина од 13 километри. Епицентарот е на 7 километри северозападно од Лушња и 31 километар југозападно од Елбасан. Засега нема информации за причинета материјална штета.
Пратеникот Бране Петрушевски, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во емисијата „Топ тема“ на Телма телевизија се осврна на одредената мерка куќен притвор за Артан Груби, и нагласи дека не станува збор за преземено судство или пак договор, како што инсинуира опозициската партија СДС, туку дека истата мерка е одлука на обвинителството. „Јас го разбирам и револтот на јавноста и ова коешто се говори по однос на изнесената мерка куќен притвор за Артан Груби. Меѓутоа таа мерка не ја носи Владата, ја носи Јавното обвинителство, по предлог на Јавното обвинителство ја носи судската власт. Со член 98 од Уставот, судската…
Сузана Јошевска-Анастасовска, членка на Судскиот совет, на социјалните мрежи одговори на министерот за правда Игор Филков, кој побара одговорност за куќниот притвор на поранешниот вицепремиер Артан Груби. „Судија НЕ СМЕЕ да изрече мерка притвор ако има предлог од обвинител за куќен притвор. Нема потреба од итна седница на Судски совет за да се расправа основно правило во кривична постапка“, напиша Јошевска-Анастасовска. Претходно Филков повика на Судскиот совет и Советот на јавни обвинители итно да свикаат седници за овој случај. „Одговорноста за одлуката за куќен притвор мора да биде лоцирана со име и презиме. Јавно ги повикувам Судскиот совет и Советот на…
Инфлуенсерите против правилникот на Aгенцијата за аудио и аудиовизуелни елементи за нивна регулација. Велат дека Водичот е надвор од законските рамки и не е усогласен со реалноста на дигиталниот простор. Формираа Здружение, а се сретнаа и со министерот за дигитална трансформација. На средбата се договориле да се договорат. -На состанокот не беа донесени финални одлуки околу актуелната регулаторна рамка, но се договори продолжување на дијалогот и консултациите меѓу министерството, здружението на инфлуенсери, АВМУ, медиумската заедница и експертската јавност, ни одговорија од Дигитална трансформација. -Наидовме на добра воља и дискутирање на темата со цел надминување на проблемите на кои наидоа инфлуенсерите…
Лоренс де Кар, првата жена која застана на чело на најпознатиот светски музеј „Лувр“ во неговата 228-годишна историја, поднесе оставка од својата функција. Оваа вест одекна силно во културните кругови, имајќи предвид дека нејзиниот мандат беше обележан со амбициозни реформи и обиди за модернизација на институцијата. Иако причините за нејзиното повлекување не се детално елаборирани во јавноста, се шпекулира дека станува збор за комбинација од лични причини и притисоци поврзани со менаџирањето на огромниот прилив на туристи и зачувувањето на историското наследство. Предизвици и промени За време на нејзиното раководење, Де Кар се соочи со комплексни задачи, вклучувајќи го и…
Владата на Велика Британија денеска воведе нов голем пакет санкции кон Русија. Санкциите се насочени кон енергетскиот и воениот сектор на Русија, со што се опфатени 300 организации, бродови и физички лица. Санкции се воведени и кон компанијата „Транснефт“ преку која се извезува над 80 проценти од руската нафта. Велика Британија наведе дека санкциите имаат за цел да го оневозможат финансирањето и вооружувањето на руската армија.
Познатата македонска пејачка и професорка, Адријана Јаневска, се огласи на социјалните мрежи по серијата обвинувања дека наводно извршува повеќе советнички функции истовремено. Во јавноста се појавија тврдења дека таа е ангажирана како советник за култура кај министерот Љутков, претседателката и премиерот, за што наводно добива високи месечни хонорари. Јаневска категорично ги отфрли ваквите наводи, карактеризирајќи ги како обид за нејзина професионална и лична дискредитација преку ширење невистини. „Намерно напишани лаги за да се избегне тужба“ Во својата реакција, пејачката посочува дека нападот е смислен и стратешки поставен за да се заобиколат правните последици. „Деновиве сум мета на организиран напад на…
По настанатиот проблем со патот кон Теферич, градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, денес повторно излезе на терен заедно со градоначалникот на Општина Сопиште, Јане Мицевски. По направените анализи на теренот и координација со сите релевантни институции , ја информираме јавноста дека патот е затворен за сообраќај. Воедно, ги известуваме граѓаните дека сите надлежни институции интензивно работат на изнаоѓање на најбрзото и најбезбедното техничко решение за трајна санација на настанатото оштетување. Оваа мерка е неопходна со цел да се заштити животот и здравјето на сите учесници во сообраќајот, бидејќи заштитата на нашите сограѓани е одговорност од која нема…
Министерот за правда, г. Филков, со својата изјава дека правосудниот испит нема да се полага на албански јазик, туку само на македонски, директно ги става под прашање уставниот поредок и Законот за употреба на јазиците. Да се прогласи прашањето за „затворено“, кога станува збор за уставно загарантирано право, претставува преседан без пример, реагираат попладнево од ДУИ. Уставот и Законот за употреба на јазиците јасно утврдуваат дека албанскиот јазик е уставна и законска категорија, која мора да се почитува во сите институционални постапки, вклучително и во оние поврзани со правосудството. Секое отстапување од оваа обврска е директно прекршување на позитивното право.…
По серијата лажни дојави за поставени експлозивни направи кои два дена го парализираа образовниот процес во Тетово, локалната самоуправа воведува нови насоки за постапување. Назми Даути од Секторот за јавни дејности при Општина Тетово, на денешната прес-конференција порача дека наставата веќе нема автоматски да се прекинува за целиот ден. Крај за предвременото одење дома Главната промена во протоколот се однесува на движењето на учениците и наставниот кадар по евакуацијата, објави 4news.mk Наместо учениците веднаш да заминат дома, тие ќе мора да ги чекаат официјалните инструкции на терен. Евакуација во дворот: По добиена дојава, МВР ќе спроведе евакуација на објектот, но…
